КАФЕ ПАУЗА

5 совети кои ќе ве спасат од бјути катастрофа во текот на работниот ден

Седите неколку часа на канцелариското столче и по некое време одите во тоалет. Таму, што да видите… вашата шминка растопена, лицето изморено и безживотно. Се прашувате како можеше ова да се случи кога добро се потрудивте околу шминката утрово. Што се случило, се случило, време е да го средите хаосот.rnrn0-kazete-zbogum-na-topenjeto-na-sminkata-5-soveti-koi-ke-ve-spasat-od-bjuti-katastrofa-kafepauza.mkrn

1. Впивање на маснотиите од лицето

rnВо текот на работното време во кожата се создаваат многу маснотии, особено во летниот период поради зголемените температури. Затоа употребувајте марамчиња кои го впиваат вишокот маснотии од кожата. Тие ќе ви ги прочистат порите и ќе ви ја направат кожата чиста и мазна.rn

2. Третирање на уморните очи

rnАко голем дел од времето го поминувате пред компјутер, не е ни чудо што изгледате како тинејџер кој по цели денови игра видео игри и јаде нездрава храна. За да го сокриете уморот од вашите безживотни, крвави очи, употребете вештачки солзи со што инстантно ќе ги освежите и ќе им дадете сјај. Ако сѐ уште има знаци на умор нанесете тенка линија течен црн ајлајнер на горниот капак. Тоа ќе ги скрие проблематичните делови, а вие ќе изгледате посвежо и одморено.rn

3. Освежување на сувата кожа

rnКористете спреј за лице и прскајте додека не се освежите целосно. Вака ќе добиете ефект како да сте биле во спа, а не на работа.rn

4. Покривање на темните кругови и црвенилото

rnКвалитетниот коректор може да направи магии кога станува збор за покривање на темните кругови околу очите. Секогаш носете мал коректор во стик со вас за да ги прикриете црвените точки на лицето и темните кругови под очите. Нанесете го на проблематичните регии како делот околу носот и под очите за да го изедначите тенот на кожата и да добиете инстант енергичен изглед.rn

5. Оживување на безживотниот тен

rnНикогаш не ја потценувајте моќта на руменилото за оживување на уморната, безживотна кожа. Сите руменила се во ред, но најдобри и најпрактични се оние во стик. Важно е да има добра пигментација на кожата и да ви одговара со тенот.