Слабата циркулација е проблем кој е најчесто присутен кај лицата постари од 40 години. Сепак, не е исклучиво поврзана со стареењето бидејќи таа може да биде резултат и на одредени здравствени проблеми како дијабетес и срцеви заболувања. Ако не се излечи навреме, може да доведе до сериозни последици како згрутчување на крвта, инфицирани чирови и ампутација. Затоа, експертите препорачуваат да обратите внимание на овие симптоми.rnrn
rn
Чувство на пецкање на екстремитетите
rnСпоред специјалистот по физикална медицина, Крис Тат, слабата циркулација може да предизвика чувство на пецкање на екстремитетите. Тоа е бидејќи крвта не доаѓа до овие места во доволна количина.rn
Ладни раце и нозе
rnКрвта носи топлина и хранливи материи до сите делови од нашето тело. Така, намалената циркулација предизвикува рацете и стапалата да бидат поладни од остатокот од телото токму поради фактот дека во овие делови од телото не циркулира доволно крв.rn
Оток
rnОтокот може да се појави на глуждовите, рацете и стапалата.rn
Болка во зглобовите и грчеви во мускулите
rnЛошата циркулација според експертите може да предизвика и болка во стапалата, нозете, рацете и дланките, особено доколку седите или стоите подолго време. Кога циркулацијата на крвта во мускулите е намалена, хранливите материи не можат да стигнат до ткивата на кои им е потребна, а тоа резултира со вкочанетост и грчеви.rn
Промена на боја на кожата
rnСлабата циркулација може да ја промени и бојата на кожата така што на одредени места ќе забележите сина боја. Тоа особено се забележува на прстите, рацете, усните и носот.rnrnНе смеете да занемарите ниту еден од овие симптоми. Освен тоа, начинот на живот и одредени заболувања влијаат врз слабата циркулација како, на пример, дијабетесот и атеросклерозата. Научниците препорачуваат дека здравиот начин на исхрана, откажувањето од лошите навики како пушењето и редовната физичка активност можат значително да ја подобрат циркулацијата.rnrnОткако прочитавте за симптомите на слабата циркулација на крвта во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и сè што треба да знаете за нискиот крвен притисок и неговото регулирање.rnrnИзвор: eatthis.com