Летото ни се приближува, а со самото тоа сме и чекор понапред до плажата и сонцето. Знаете и самите дека веќе е неопходно да почнете да се подготвувате за да изгледате потполно сјајно, а ние со вас споделуваме 5 едноставни начини како да го постигнете тоа.rnrn
rn
1. Подгответе ги стапалата
rnДоколку сè уште не сте го сториле тоа, сега е вистинско време да се посветите на вашите стапала. Иако секогаш можете да посетите педикир, топлата вода и солта или сода бикарбоната и турпијата за пети ќе направат да не се забележува дека претходните месеци сте носеле затворени обувки. Нема ништо погрдо од испукани пети и неуредни нокти, а толку малку време е потребно за сето тоа да се реши.rnrn
rn
2. Дотерајте ги ноктите
rnНоктите на рацете се изложени и лето и зимо. Пред да изберете супер интересен летен лак за нокти, направете домашен пилинг на рацете со мед и жолт шеќер. За заноктиците во помош доаѓа сода бикарбоната, а веруваме дека веќе имате и крема која ќе ги хидрира рацете.rnrn
rn
3. Програма за одмарање на кожата
rnБи било добро да ѝ дадете на вашата кожа една „слободна“ недела. Односно, оставете ги настрана сите производи за нега, но и шминката, а користете само кокосово масло. Резултатот ќе биде сјајна кожа, па потоа слободно вратете се на вашата стара рутина.rnrn
rn
4. Поработете на вашиот тен
rnНајверојатно немате прилика да се сончате секојдневно за да добиете барем малку боја. Знаете и самите колку солариумот е нездрав, па единственото решение за добивање потемен тен е лосионот за самопотоемнување. Користете го внимателно и не заборавајте претходно да направите задолжителен пилинг на телото.rnrn
rn
5. Не заборавајте на грбот и надлактиците
rnДоколку вашата кожа на грбот, рамената и надлактиците не е баш најубава, послужете се со следниот трик: Нанесете со памучна крпа павлака на тие делови и оставете да отстои 10 минути. Потоа истуширајте се и намачкајте се со лосион за хидратација на кожата. Киселината од павлаката ќе ѝ помогне на вашата кожа повторно да изгледа како претходно.rnrn
rnrnПрипремете се на време, но негувајте се и во текот на летото, а вашата кожа ќе ви биде и повеќе од благодарна.