КАФЕ ПАУЗА

5 причини зошто треба да ѝ дозволите на кармата да се погрижи за одмаздата

5 причини зошто да ѝ дозволите на кармата да се погрижи за одмаздата

Written by

in

,

Постојат 5 основни причини поради кои би требало да ѝ дозволите на кармата да се „одмазди“ наместо вас. Додека многумина сметаат дека ќе се чувствуваат подобро ако им се одмаздат на луѓето кои им згрешиле, силните луѓе се свесни дека е подобро таа работа да ѝ ја остават на кармата. Погледнете зошто.rnrn5 причини зошто да ѝ дозволите на кармата да се погрижи за одмаздатаrn

1. Поголемо задоволство причинува да гледате како кармата се погрижува за тоа

rnЛуѓето кои се одмаздуваат и прават лоши работи, порано или подоцна се соочуваат со тоа. Кога кармата ги презема работите во свои раце, таа не промашува. Кога гледате дека некој го добива она што го заслужил, задоволството е многу поголемо отколку самите да се одмаздувате. Одмаздата ретко ќе направи да се чувствувате подобро, но кога ќе видите дека самиот универзум казнува некој што го заслужил тоа, задоволството е неизбежно.rn

2. Останете со чисти раце

rnВажно е вашите раце да останат чисти. Многу често одмаздата не се постигнува лесно или легално. Но кармата си има свој начин. Одмаздата е секогаш валкана работа, но благодарение на кармата вашата свест ќе остане чиста. Држете се на сигурно и дозволете ѝ на кармата да се одмазди за вас. Силните и моќни луѓе знаат колку е важно вашите раце да останат чисти.rn

3. Мора да ги одбирате своите битки

rnМудрите луѓе знаат дека не можат одеднаш да се борат со целиот свет. Важно е да запомните дека тоа е контрапродуктивно. Желбата за одмазда многу често се претвора во мразење, кое пак не е добро за вашата ментална енергија. Најдобро е да ја искористите енергијата за гледање напред, а не кон минатото.rn

4. Постојаната одмазда носи страшни последици

rnДури и ако со одмаздата вашите раце останат чисти, секогаш постои последица за вашите постапки. Една непредвидлива последица е самата карма. Дури и ако никој не знае што сте направиле, влијанието на кармата нема да се поништи. Вашата позитивна карма е повредна од која било одмазда.rn

5. Која одмазда е најдобра?

rnАнглискиот поет Џорџ Херберт рекол:rn

„Добриот живот е најдобра одмазда.“

rnХерберт бил во право. Најдобриот начин да им се одмаздите на оние кои ви згрешиле е да го живеете вашиот живот на најдобриот можен начин.rnrnВашиот успех е најважното нешто. Оние кои ви згрешиле во минатото ќе ви завидуваат и ќе им биде криво што немаат никаков удел во вашиот успех.rnrnАко ви е потребно посетување за моќта на кармата, прочитајте ги овие неверојатни вистински приказни.