Ако досега не сте пробале стомачен танц, тогаш дефинитивно мора да го направите тоа! Стомачниот танц е совршен начин за тонирање на вашите мускули и одржување на вашето тело во добра форма. Исто така со негова помош, ќе научите и како да се чувствувате поудобно во своето тело.rnrn
rn
Стомачниот танц вклучува изолирани движења на сите поголеми мускулни групи
rnСтомачниот танц е одличен начин да го подобрите вашето физичко здравје, како и нежно да ги тонирате и зацврстите поголемите мускулни групи, посебно абдоменот, рацете, горниот дел од грбот, задникот и горниот дел од нозете. Најдоброто нешто во врска со овој прекрасен танц е фактот што ве учи како да го балансирате вашето тело и како да изолирате одредени мускулни групи за да постигнете подобри кружни движења. Целта е да успеете да движите одредени делови од телото, додека истовремено останатите ги одржувате целосно неподвижни и мирни.rn
Стомачниот танц ги зацврстува стомачните мускули
rnПреку брановидните, кружни и вибрациски движења на стомакот и колковите, овој танц го тонира и зацврстува најдлабокиот слој на абдоминалните мускули. Доколку ви е здодеано да правите стомачни вежби, а сакате да продолжите да го одржувате вашиот стомак рамен, тогаш ова е дефинитивно позабавен начин за остварување на вашата цел.rnrn
rn
Стомачниот танц зацврстува и други поважни мускулни групи
rnОвој танц ги зацврстува квадрицепсите, тетивите под коленото, рацете и грбните мускули. Со зацврстување на грбните мускули, вие го подобрувате држењето на телото и ги намалувате шансите за повреди на грбот. За време на стомачниот танц, тежината на телото постојано се пренесува од една на друга нога. На овој начин ударот на колената, зглобовите и глуждовите е минимален и поради тоа тие се зацврстуваат на безбеден начин.rn
Стомачниот танц помага при намалување на тежината
rnПокрај тонирањето на вашите мускули, стомачниот танц е понежна форма на аеробик вежби кои можат да ви помогнат да изгубите и до 300 калории за еден час.rnrn
rn
Стомачниот танц го намалува нивото на стрес и ви помага при зголемување на самодовербата
rnИнспирирано од средно-источните мелодии, овој танц се состои од лулање, кружење и други видови лесни и повторливи движења кои можат да предизвикаат состојба на целосна ментална релаксација и на тој начин го намалуваат насобраниот стрес од текот на денот. Што се однесува до самодовербата, стомачниот танц ќе ви помогне повеќе да го цените и сакате вашето тело, како и да се чувствувате поудобно во него.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
