КАФЕ ПАУЗА

5 прашања кои секоја силна жена треба да си ги поставува секој ден

5-prashanja-koi-sekoja-silna-zhena-treba-da-si-gi-postavuva-sekoj-den-kafepauza.mk

Written by

in

,

Често се случува да не знаете како да се опишете себеси, но всушност тоа е многу полесно отколку што мислите доколку се познавате самите себе.rnrn5-prashanja-koi-sekoja-silna-zhena-treba-da-si-gi-postavuva-sekoj-den-kafepauza.mkrnrnОдговорите на овие 5 прашања ќе ви помогнат многу во животот, затоа што преку нив ќе успеете да се разберете себеси и ќе можете да донесувате тешки одлуки без многу размислување во полето на љубовта и работата. Едноставно, одговорот „не знам“ ќе биде елиминиран кога се поставуваат прашања од типот: Зошто ја донесе таа одлука?rn

1. Која сум јас?

rnКога последен пат си го имате поставено ова прашање? Дали имате размислувано каква личност сте, а не каква личност сакате да бидете?rnrnАко не сте си поставиле вакви прашања одамна, тогаш време е тоа да го направите. Постојат многу начини преку кои можете полесно да се разберете себеси, како на пример, да ги пишувате своите мисли, чувства и вредности во дневник, па потоа да ги анализирате со цел да добиете глобална слика за вас. Или можеби повеќе ги сакате психолошките тестови за себеанализа?! Колку повеќе знаете кои сте вие и за што се залагате, толку поодбранбени станувате и полесно ќе ви биде да идентификувате кој и што е правилно за вас.rn

2. Дали моите постапки се рефлексија на тоа што сум јас?

rn

„Среќа е кога она што го мислиме, она што го кажуваме и она што го правиме е во меѓусебна хармонија“ – рекол Ганди.

rnОва е едноставна мисла која може да предизвика сложени чувства кај оние луѓе кои не се чувствуваат потполно спокојно.rnrnРеалноста е дека многу од нас се движат низ животот ограничувајќи ги своите постапки кои се диктирани од навиките наместо од вистинската свест. Можеби затоа многу од нас се чувствуваат како да не успеваат добро да се справат во домот, врските, работата, пријателството и во околината.rnrnКога се притискате себеси да кажете „да“ наместо „не“, вие продолжувате да одите по патот кој е погрешен. Кога сосила учтиво се насмевнувате а сте навредени, се изневерувате самите себе и на другите им покажувате погрешна слика за тоа каква личност сте, како размислувате, кои се вашите вредности и граници.rn

3. Што навистина сакам од оваа одлука?

rnПред да донесете одлука која се однесува на вашиот живот, прво треба да се запрашате што навистина вие сакате од таа одлука?rnrnОдговорот на ова прашање најчесто ќе ви помогне кога ќе се соочувате со потешкотии за време на исполнување на некоја задача или цел во животот, кога ќе донесувате одлука со која сакате да си го подобрите животот. Не е важно дали е мала или голема, штом носите таква одлука, тогаш таа е важна за вас.rnrnЗапрашајте се зошто сакате да издржите со диетата, дали затоа што сакате да изгледате подобро или навистина сакате да го подобрите вашето целокупно здравје? Дали сакате унапредување за да „пораснете“ во сопствените очи или за да ѝ се докажете на компетитивната колешка? Тргнете го себеосудувањето настрана и искрено одговорете си себеси што и зошто сакате нешто. Тоа ќе ве задржи на вистинскиот пат.rnrnКога имате поставено некоја цел и ја разбирате, но сте во дилема дали да продолжите по тој пат или не, тогаш одговорот на ова прашање ќе ве задржи на патот и ќе направи да се чувствувате добро за вашата одлука.rn

4. Која е поентата на ова?

rnКолку ноќи сте поминале без спиење, во паника, со стрес, само затоа што премногу размислувате за непотребни работи?rnrnДонесете одлука и почнете да ги разгледувате вашите постапки од неа. Принудете се себеси да пронајдете логички и продуктивни причини со кои би ги оправдале стресот, грижата и учествувањето во различни ситуации и разговори. Кога ќе согледате дека нема такви, полесно ќе заспивате навечер.rnrnДозволувајќи му на мозокот да учествува во хаотични ситуации кои се потполно нелогични и бесцелни, вие не само што трошите време туку и се ставате во опасност.rn

5. Зошто јас да не можам?

rnВи се случило ли да седите до ваши пријатели или колеги кои уживаат во искуството и успесите за кои вие се надевате дека ќе ги имате еден ден? Ви се случило ли да здогледате среќно семејство кое си игра со своето детенце, исполнети со радост и среќа, нешта кои и вие посакувате да ги имате?rnrnПремногу размислување за туѓите животи кои ги содржат нештата за кои вие мечтаете, нема да ви донесе добри резултати, а ќе ви го направи животот потежок за живеење.rnrnПрифатете ги позитивните аспекти од својот живот, користете ги вашите предности и не целете кон нештата кои другите ги имаат, а и вие ги посакувате. Никој нема сè во секој момент. Ако се фокусирате на она што ВИЕ го имате во моментов, тоа што другите го имаат ќе стане сосема неважно, а вие ќе имате можност целосно да го искористите. Живејте го својот живот. Тој е единствениот и најдобриот што можете да го имате.