Ако сте имале родители со кои било тешко да се справите, длабоко во себе знаете дека не сте во ред. Можеби ги немате сите верувања на листава, но важно е да знаете дека можете да ги замените и целосно да заздравите.rnrn
rnrnМозокот созрева до средината на 20-тите. Но дотогаш веќе сте на вашиот пат и можеби немате време да разгледате што ви се случило. Не го препознавате влијанието на она што се случило додека вашиот мозок се развивал, а ова влијание е огромно.rnrnРазмислете што се случувало во вашиот дом уште пред да научите да зборувате. Кој бил таму? Бил ли среќен поради вас? Дали сте предизвикувале здодевност со вашето присуство? Однесувањето на вашите родители со вас прави голема разлика во тоа како се чувствувате за себе во сегашноста. Размислете за овие 5 длабоки и темни вистини за вашиот живот. Тоа се ужасните дарови што сте ги добиле од вашите тешки родители.rn
1. Не верувате дека некој може да ве сака
rnДури и кога некој ќе ви каже дека ве сака и ќе ви го покажува тоа, вие сепак ќе се сомневате. Причината е што вашите родители правеле да се чувствувате тешки за сакање, никогаш доволно добри и скршени. Покрај ова можно е да имате и маска која прави другите да мислат дека ви оди одлично, но длабоко во себе верувате дека никој никогаш нема да ве сака. Ова ве спречува да ја добиете емоционалната интимност што ја посакувате.rn
2. Не верувате никому
rnНавистина сакате да им верувате на другите и изгледа така, но секогаш постои некое прашање што ве мачи. Дали грешите? Дури и кога е очигледно дека ви ја кажуваат вистината, вие не сте сигурни. Можеби ќе имате врска и ќе сакате да му верувате на партнерот со целото ваше срце, но често ќе си поставувате прашања како: Каде е? Дали ме излажа? Дали сум будала?rn
3. Имате проблеми со интимноста
rnОвде станува збор за вистинската интимност, онаа што прави да се чувствувате блиски, релаксирани, ценети, сакани и прифатени. Ова оди заедно со вашата неспособност да им верувате на другите. Вашите родители ве натерале уште од мали да бидете внимателни бидејќи секогаш биле непредвидливи. Постојано се прашувате дали ќе добиете насмевка или навреда, па сте научиле да ги задоволувате потребите на сите. Со текот на годините луѓето почнале да ве газат. Интимноста бара да ѝ верувате на другата личност, а ова е навистина тешко за вас.rn
4. Ретко се чувствувате безбедно
rnЈасно е дека и овде причината е вашата недоверба, но стравот се проширува низ целиот свет. Можеби сте биле малтретирани па постојано се прашувате како можете да бидете безбедни. Спиете со едно отворено око и постојано го барате следниот натрапник. Ова верување навлегло во секоја сфера од вашиот живот, а вие не сфаќате дека целосно ве контролира. Поради ова потребно е да се сакате доволно за да побарате помош. Овие чувства можат да ве спречат да почувствувате вистинска љубов, дури и од вашите пријатели.rn
5. Прегладнети сте за признание во коешто можете да верувате
rnВашите родители постојано ве терале да се натпреварувате и никогаш не ви го давале потребното признание. Дури и ако некогаш ви го дале, веднаш го земале од вас. Ова е тактика на проблематичните родители. Ако ви дале признание на некој начин сте еднакви со нив, а тие не го сакаат тоа. Често едниот родител се согласувал со ова само за да го зачува мирот. Поради тоа навистина ви е тешко да поверувате во нечиј комплимент или да верувате дека некој навистина ве сака.rnrnОвие прашања ќе ви помогнат да откриете дали вашето детство имало штетно влијание на вашето здравје.
