КАФЕ ПАУЗА

5 фази низ кои поминуваат сите жени откако нивниот бивш дечко ќе си фати нова девојка

Без разлика дали сте дознале преку социјалните мрежи или преку заедничките пријатели, вашиот свет на неколку секунди се смрзнува откако ќе откриете дека вашето поранешно момче има нова девојка во неговиот живот. Но, што поточно се случува потоа?rnrn5 фази низ кои поминуваат сите жени откако нивниот бивш дечко ќе си фати нова девојкаrn

1. Шок

rnПо основната информација за новата врска на вашиот бивш, вие ќе почувствувате како времето да сопрело на неколку секунди. Откако планетата повторно ќе почне да се врти, малку побавно од вообичаено, вие ќе почнете да им ѕвоните на вашите пријателки бидејќи ви е потребно некој да ве ислуша и разбере.rn

2. Љубопитност

rnПо првичниот шок, вие се трансформирате во Шерлок Холмс. „Која е таа? Како изгледа? Што има таа што немам јас? Колку долго тоа трае? Дали ме изневерувал со неа?“ Низ вашата глава се вртат илјадници прашања и ниту еден одговор. Ниту една жена не може да ја прескокне оваа фаза, дури и ако веќе не чувствува ништо за нејзиниот поранешен дечко.rn

3. Нервирање

rnВие почнувате да се нервирате за неговата среќа и се прашувате како е можно толку брзо да нашол нова посебна личност. Вие сте убедени дека сте му значеле повеќе и дека ќе му било потребно многу повеќе време за да ве преболи. Но, факт е дека вие никогаш нема да ја дознаете целосната приказна за новата врска на вашиот бивш дечко, па токму затоа можете само да претпоставувате. Луѓето знаат да бидат во врска поради досада, поради одмазда, за да глумат среќа… Сфаќате што сакаме да кажеме.rn

4. Тага

rnВо оваа фаза вие почнувате да се прашувате што не е во ред со вас и зошто сè уште не барате друга личност. Се прашувате што се случува со вас, каде сте вие во овој момент, ги преиспитувате сите планови за иднината и ги анализирате сите вашите однесувања.rn

5. Прифаќање

rnПо некое време, кое варира од жена до жена, вие ќе се почувствувате како да сте се разбудиле од лош сон и ќе сфатите дека сè тоа е веќе зад вас. Од овој момент почнува планирање на нови авантури и се појавува возбуда поради нив бидејќи никогаш не знаете што ве чека утре. Сега е важна само вашата среќа, а не фактот со која личност е тој.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn