КАФЕ ПАУЗА

40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни услови

40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни услови

Written by

in

,

Хидроген пероксид можете да набавите во секоја аптека за малку пари и со тоа ќе добиете средство кое можете да го употребите за многу намени во домот.rnrn40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни условиrn

Медицинска употреба

rn1. Нанесете го на мали ранички од коишто ви тече крв, како на пример кога ќе се боцнете со игла или ќе се исечете со нож. Тој ги запира малите крварења и ги чисти раните.rnrn2. Нанесете го на инфицираните акни и тој ќе делува исто како на раничките.rnrn3. Со него можете да ги лекувате раничките во устата. Измешајте го со вода и држете го во устата пред да го плукнете и да ја измиете устата со чиста вода.rnrn4. Правете гаргара со хидроген пероксид еднаш неделно за да ги убиете бактериите кои предизвикуваат лош здив.rnrn5. Измијте ги стапалата со мешавина од хидроген пероксид и вода за борба против невидливите габички на нозете.rnrn6. Ставете неколку капки од оваа течност во увото за да се ослободите од ушните инфекции, но и покрај тоа јавете се на лекар.rnrn7. Хидроген пероксидот помага и при чистењето на маснотијата од ушите. Неколку капки можат многу да помогнат.rnrn8. Ако ве боли забот, а не можете веднаш да одите на заболекар, намалете ја болката држејќи хидроген пероксид измешан со вода.rnrn9. Наполнете ја кадата со вода и додајте од оваа течност со цел да ги убиете сите бактерии кои се залепиле во меѓувреме на вашето тело.rnrn10. Додајте хидроген пероксид во миксот со кој ја миете вагината при третирањето на габичните инфекции.rnrn11. Ставете од оваа течност во устата и држете ја таму половина минута за значително да си ги избелите забите.rnrn12. Мешавината од хидроген пероксид и сода бикарбона може да се користи како паста и избелувач за заби.rnrn40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни условиrnrn13. Една третина хидроген пероксид и две третини течен сапун се добра мешавина која може да се користи наместо дезодоранс кој го измивате после 30 минути од нанесувањето.rnrn14. Можете да го искористите и за лесно чистење на контактните леќи.rnrn15. Малку од оваа течност на памук може да ви ги избели и ноктите.rnrn16. Скријте ги корените на русо бојадисаната коса така што ќе го оставите да отстои половина час на нив.rnrn17. Измешајте еднакви количини на хидроген пероксид и вода и како спреј нанесете ги на косата за да ја осветлите во деловите каде што сакате да го постигнете тоа.rnrn18. Користете го одвреме-навреме за дезинфекција на четкичката за заби.rnrn19. Употребете го и за омекнување на стапалата во комбинација вода.rnrn40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни условиrn

За чистење по дома

rn20. Дезинфицирајте ги чешмите брзо и лесно така што ќе нанесете малку хидроген пероксид на крпа и ќе ги избришете.rnrn21. Нанесете малку од оваа течност на сунѓер за поефикасно да го исчистите талогот од плочките во кујната или бањата.rnrn22. Подеднакво добро и на ист начин можете да ги исчистите и огледалата и другите стаклени површини по дома.rnrn23. За чистење на ВЦ школката доволни ви се 100 мл хидроген пероксид кој ќе ги оставите да отстои дваесет минути пред да пуштите вода.rnrn24. Нанесете хидроген пероксид директно врз трагите од влага на ѕидовите и потоа избришете.rnrn40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни условиrn

Употреба во кујната

rn25. Тоа е одлично средство за чистење на даската за сечење која инаку многу тешко се чисти. Тоа ќе ги убие и бактериите и ќе ја заштити храната која допрва ќе биде исечена.rnrn26. Додајте неколку капки во средството за миење садови за потемелно миење.rnrn27. Направете паста од сода бикарбона и хидроген пероксид за чистење на загорените садови за готвење. Прво истријте со оваа паста, оставете да отстои неколку минути, а потоа само измијте го садот со топла вода и тој ќе биде како нов.rnrn28. И сунѓерите и крпите за бришење се полни со бактерии. Оваа течност е добар избор за да ги дезинфицирате.rnrn29. Попрскајте ги овошјето и зеленчукот со хидроген пероксид за подолго време да останат свежи.rnrn30. Употребете го и кога ќе го чистите фрижидерот за добро да го дезинфицирате и да ја отстраните евентуалната непријатна миризба.rnrn40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни условиrn

Разни други можности за употреба

rn31. Искористете го за чистење на дамките од килимот и други ткаенини. Тоа правете го само на светли ткаенини, затоа што хидроген пероксидот ги избелува обоените површини.rnrn32. Исчистете и дезинфицирајте ги играчките на вашите мали дечиња. Тие сакаат сè да ставаат во уста, а едно такво чистење ќе ви ги намали грижите.rnrn33. Користете го наместо избелувач при перењето. Особено е корисен при избелувањето на завесите и чаршафите.rnrn34. Со него е полесно да ги исчистите и завесите во бањата.rnrn35. Ако имате облека која подолго време стоела неупотребена и поради тоа сега мириса, исперете ја со мешавина од оцет и ходроген пероксид за да го отстраните мирисот.rnrn36. Хидроген пероксидот има сличен хемиски состав како дождот и затоа можете да го употребите за побрзо ’ртење на семките.rnrn37. Испрскајте ги молците со хидроген пероксид за да ги убиете.rnrn38. Можете да го употребите и за чистење на алгите од ѕидот на вашиот аквариум.rnrn39. Исто како што можете да го користите за лечење на вашите рани, можете да го употребите за лечење и на раните кај животните.rnrn40. Ако вашето куче или мачка изеде нешто токсично од кое му се лоши, предизвикајте повраќање кај него така што во храната или во устата ќе му ставите еден милилитар 3% хидроген пероксид на секои два килограми тежина.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.