КАФЕ ПАУЗА

4 техники за флерт со чија помош ќе го привлечете вниманието на секој маж

4 техники за флерт со чија помош ќе го привлечете вниманието на секој маж

Кога станува збор за флерт, некои жени едноставно имаат вродена способност да покажат сè што сакаат и да го привлечат вниманието на секој маж. Од друга страна пак, некои имаат потешкотии во оваа област и едноставно не забележуваат резултати од својот труд. Па, доколку сакате да ја подобрите вашата игра за освојување, погледнете ги следниве 4 техники со кои веднаш ќе му го привлечете вниманието. Со среќа!rnrn4 техники за флерт со чија помош ќе го привлечете вниманието на секој мажrnrn

1. Дајте му комплимент

rnМожеби на прв поглед ви звучи како евтин трик, но со комплиментите никогаш не можете да згрешите. Секако, не треба да биде нешто бесмислено, туку пофалба што ќе му остане во добро сеќавање и понатаму во животот. Пофалете го неговиот успех, техниката за танцување или смислата за хумор – комплиментите за физичкиот изглед веќе го немаат истиот ефект како порано.rn

2. Користете го своето тело

rnНачинот на кој стоите покрај него има моќ да го поттикне со денови да не може да ве извади од својата глава. Не зборуваме за нешто вулгарно, само за фактот дека мажите „паѓаат“ на жени што добро се чувствуваат во своето тело. Покажете ја својата висока самодоверба преку начинот на кој се движите и тој нема да може да ви одолее.rn

3. Пофалете се за постигнувањата

rnНа некои жени ова би можело да им биде тешко, бидејќи фалењето отсекогаш повеќе бил машки стил на флертување, но слободно обидете се. Не велиме да ги наброите сите работи што сте ги постигнале во вашиот живот или пак, од мравка да направите слон, но ако имате нешто на што навистина се гордеете, покажете го тоа! Скромноста е врлина, но да бидеме реални, никој наредниот ден не ги помни скромните, невидливи девојки.rn

4. Бидете директни

rnЗа жал, мажите се малку будалести кога станува збор за читање знаци. Иако ние понекогаш мислиме дека јасно им даваме до знаење што ни се допаѓа, а што не, ретко кога тие ги регистрираат овие знаци. Ако некој ви се допаѓа, едноставно кажете му го тоа директно. Во спротивно, вие ќе мечтаете за него, а тој воопшто нема да знае што се случува во вашата глава.