КАФЕ ПАУЗА

4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за вас

4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за вас

Written by

in

,

Најдобрата причина би била – затоа што минималистичкиот ентериер е убав. Изгледот е првиот критериум кој паѓа на памет при изборот на уредувањето на домот, но кога е минимализмот во прашање има уште четири причини кои треба да ги земете предвид.rnrn4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за васrn

1. Некои поинакви ентериери можат да ве вознемират

rnИма повеќе научни студии кои потврдуваат дека начинот на кој што е уреден просторот може да влијае на расположението.rn

    rn011

  • кога има премногу предмети и неред, се чувствувате анксиозно
  • rn011

  • кога нема доволно светло станувате депресивни и поспани
  • rn011

  • кога има премногу светло чувствувате стрес
  • rn011

  • кога просторот делува претесно, се чувствувате затворено и заробено
  • rn

rnМинимализмот значи уредување на просторот така што осветлувањето е оптимално, а малиот број предмети го прават просторот да изгледа покомфорно и почисто.rnrn4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за васrn

2. Малите предмети собираат прашина

rnМалите предметчиња и парталчиња кои ги собирате и ги ставате некаде да личат собираат многу прашина, а со тоа се и потенцијален извор на алергии. Тие исто така го задушуваат просторот правејќи просторијата да изгледа полна. Се разбира дека е убаво да ги оставите семејните фотографии или некои слични нешта кои ве исполнуваат кога ќе ги видите, но не мора сè да се натрупа за да се гледа дека постои. Уредете во минималистички стил. Така просторот ќе изгледа послободно и ќе имате помалку за чистење.rnrn4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за васrn

3. Едноставноста и симетријата смируваат

rnМинималистички уредените домови се карактеризираат со едноставност и симетрија, а постојат научни студии кои покажуваат дека мозокот многу позитивно реагира на симетријата. Тоа не значи дека минимализмот ќе ве направи среќни, но може позитивно да влијае на задоволството.rnrn4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за васrn

4. И боите позитивно влијаат на расположението

rnМинималистичкото уредување значи дека за вашиот дом сте избрале светла неутрална боја, дека прозорците се големи и овозможуваат влегување на многу природна светлина. Притоа можете да додадете уште некоја боја заради поголема разиграност, но тоа треба да остане едноставно. Сепак, неутралните бои кои доминираат во овој стил се причината да го одберете, затоа што даваат релаксиран амбиент.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.