Летните мудрости како „не пливајте на полн желудник“ се правилник на однесување до кои многумина се придржуваат без никакво размислување. Но, науката ни покажува дека во овие мудрости нема никаква вистина, додека пак некои од нив можат и лошо да влијаат врз нашето здравје. Погледнете за кои станува збор…rnrn
rn
1. Потопувањето рана во солена вода ќе поттикне побрзо зарастување
rnЕдна од мудростите кои често ги слушаме од постарите генерации е всушност голема невистина. Специјалистите велат дека постојат рани на кои солената вода им помага побрзо да зараснат, но тоа се оние кои се длабоки и нечисти и на кои би им требало навистина долго време да зараснат. Но, кога станува збор за малите повреди, не е добро да ги изложувате на солена вода бидејќи таа ќе ги нагризе и ќе го отежни нивното подобрување.rn
2. Заштитниот фактор 30 е двојно посилен од заштитниот фактор 15
rnИ покрај тоа што изгледа сосема логично да се дојде до овој заклучок, сепак тој не е вистинит. Ознаките за заштитниот фактор се всушност мерени во лабораториски услови. Дури и покрај тоа што факторот 30 ќе ве заштити повеќе од 15, како и 50 повеќе од 30, не станува збор за премногу големи разлики и за максимална заштита на кожата. Токму затоа треба да се придржувате до советите од докторите кои препорачуваат да не се излегува на сонце за време на критичните периоди во денот.rn
3. Белата маица може да ја замени кремата за сончање
rnНајчесто оние личности кои се исклучително бели решаваат да се заштитат од штетните УВ зраци од сонцето така што ќе облечат само бела маица, но таа не е доволна. За најголема заштита, потребно е покрај маицата да се намачкате и со крема за сончање. Експертите велат дека во периодот помеѓу 11 и 15 часот, доколку се движите на сонце, секогаш носете бела маица во комбинација со заштитен фактор. Ова правило особено се однесува на децата. Исто така кожата која е веќе потемнета не е доволна за заштита, па затоа дури и тогаш користете заштитен фактор.rn
4. Пливањето со полн желудник е штетно
rnВлегувањето во вода веднаш по јадењето долго време се сметало за опасно поради ризикот од болки и грчеви во стомакот. И покрај тоа што работата на желудникот може да ви го намали вашето уживање во пливањето, таа не ви се испречува на патот. Но, ако имате проблеми со срцето или со циркулацијата, тогаш секое нагло влегување во вода би можело да ви направи проблем. Ако сте млади и здрави, можете слободно да пливате дури и додека јадете.rn
5. Минатогодишната крема за сончање со заштитен фактор може да се искористи и оваа година
rnДоколку ви останала крема за сончање од минатото лето, слободно фрлете ја бидејќи нејзиниот рок на траење има 1 година од денот кога е отворена, под услов да ја чувате на суво и ладно место. Дури и ако рокот ѝ се уште валиден, сепак нејзината ефикасност може да биде намалена.