КАФЕ ПАУЗА

3 животни грешки поради кои никогаш не треба да жалите

Written by

in

,

Некои од овие настани самите ги перципираме како грешки, а некои како такви ги доживуваат луѓето околу нас, иако ние не се чувствуваме лошо затоа што сме ги направиле. Она што е заедничко за сите тие „грешки“ е дека поради нив никогаш не треба да жалите, бидејќи тие на долг план ви прават повеќе добро, отколку зло.rnrn1-3-zhivotni-greshki-zaradi-koi-nikogash-ne-treba-da-zhalite-www.kafepauza.mk_rn

1. Сте се заљубиле во погрешна личност

rnМожеби ова не звучи логично за секого, но понекогаш едноставно не сфаќаме што всушност заслужуваме сѐ додека не го испробаме она што дефинитивно не е добро за нас. Жените често се заљубуваат во мажи кои не се доволно добри за нив, кои не ги почитуваат и не се однесуваат кон нив онака како што е потребно.rnrnИм простуваме, бидејќи веруваме дека може да се променат, а дури кога таквиот маж ќе ни го скрши срцето стануваме свесни колку вредиме. Заради тоа никогаш немојте да жалите за пропаднатите љубовни врски со погрешна личност, бидејќи тие често нè учат да препознаеме каков партнер всушност заслужуваме.rn

2. Сте дале отказ

rnТокму ова е еден од настаните кои околината во денешно време најчесто ги осудува. Меѓутоа, ако не сте задоволни со работата која ја работите, без разлика на тоа дали таа е добро или лошо платена, имате право да ја побарате среќата на друго работно место. Мислењето на другите ни најмалку не треба да ви биде важно. Заслужувате можност да ги остварите вашите цели и да работите на сопственото усовршување, па затоа нема смисла да се каете заради напуштање на работата која ве правела длабоко несреќни.rn

3. Сте научиле да кажете „НЕ“

rnВо нашиот внатрешен круг на пријатели и членови на семејството често се вовлекуваат луѓе кои всушност не ни посакуваат добро. Тие се нарекуваат „токсични“ луѓе, а помеѓу главните карактеристики на тие личности се изразената негативна енергија, потребата за критикување, константно осудување на туѓите постапки и себичноста.rnrnТоксичните луѓе кои не се дел од нашиот близок круг можеме полесно да ги исклучиме од нашиот живот, но кога тие се наши пријатели или членови од семејството, тогаш е многу потешко да се ослободиме од нивното негативно влијание. Меѓутоа, ако сте собрале храброст, сте успеале и сте научиле да им кажете „НЕ“, тогаш нема зошто да жалите. Во таквите ситуации останатите личности од блискиот круг понекогаш нè убедуваат да им дадеме друга шанса или пак, ни замеруваат за одлуката, но немојте да се грижите за тоа. Тоа што сте го направиле не е погрешно, туку е најдоброто нешто за вас во моментот.