Пунџите се одлична опција за топлите летни денови, а познатата неуредна пунџа свиткана на врвот на главата е апсолутен хит. Дефинитивно е лесна за правење и изгледа опуштено, но време е да не се вадиме повеќе на мрзата и да ѝ се посветиме малку на високата пунџа за да ѝ дадеме шик и елегантен изглед. Стилистката од Њујорк Дејна Тизо ни дава 3 предлози.rnrn
rn
Елегантна извртена пунџа
rnКлучот за елегантниот свилен изглед на оваа фризура е во средствата за нега на косата. Аплицирајте од она кое го користите, но не ставајте нешто што има премногу зацврстувачки ефект, бидејќи не сакате да постигнете крцкав и крут изглед, туку само да ги скротите влакната.rnrn
rnrnИсчешлајте ја косата со рамна четка и нанесете серум за екстра сјај. Наведнете ја главата надолу и со помош на четката соберете ја косата во високо опавче, прицврстувајќи ја со дебел стегач.rnrnЗемете на еден прст восок за коса, распоредете го на прстите и потоа нанесете го на косата за да ја измазните и да ги залепите разлетаните бебешки влакна околу лицето. Земете го опавчето и извиткајте го сè до долу. На крајот заврзете го со мало, но цврсто ластиче.rnrnНаправете јазол држејќи го средниот дел од завртеното опавче со едната рака блиску до главата, а со другата фатете го опавчето за крајот и замотајте го одоколу.rnrnДржејќи го крајот од опавчето, протнете ја косата низ отворот кој го формира другиот дел и заврзете го во јазол. Не влечете ги краевите сосема до долу, нека останат скриени во самиот јазол.rnrnДоколку имате густа коса, употребете најмалку 3 шноли за прицврстување, една долу и по една на двете страни, притоа фаќајќи ги врвовите од завртениот дел заедно со основата на јазолот.rnrnАко пак имате потенка коса, можете и да ги прескокнете шнолите. Земете ги врвовите и протнете ги под основата на јазолот во дебелиот стегач. Како и да одлучите, гледајте само јазолот да не биде лабав.rnrnЕдноставно, елегантно и софистицирано, нели?rnrn
rn
Плетена кула
rnОвој изглед е одличен бидејќи ги комбинира плетенките, кои се омилени за многумина, особено во летниот период, и високо подигнатата коса во пунџа. Згора на сè, наспроти сложениот изглед, многу е лесна да се направи.rnrn
rnrnНаведнете ја главата надолу и измазнете ја косата чешлајќи ја кон круната. Нанесете серум од средината на косата кон врвовите.rnrnПотоа врзете опавче високо горе и дигнете ја главата.rnrnПоделете го опавчето на два еднакви дела.rnrnИсплетете го секој дел во обична дебела плетенка со три прамени сè до долу. Не стегајте ја премногу бидејќи така ќе делува потенко, но нека не биде ни премногу лабава, не треба да паѓаат праменчиња од неа. Ако имате пократка или потенка коса, подобро направете само една плетенка.rnrnСо едната рака држете ја основата на опавчето, а со другата порамнете ги двете плетенки држејќи ги една над друга. Замотајте ги плетенките околу опавчето обликувајќи ги со раката. Пикнете ги врвовите под плетенките, прицврстувајќи ги со една или повеќе шноли.rnrnНе стремете се да добиете совршен изглед бидејќи така ќе изгледате здрвено и пластично. Несовршениот, по малку неуреден изглед е секси.rnrn
rn
Шик пунџа со марама
rnОвој тип фризура е погоден за девојките со непослушна коса, бидејќи косата со повеќе волумен, ќе го направи јазолот поголем, а колку поголем тоа подобро.rnrn
rnrnНанесете продукт за косата кој ќе ви овозможи полесно да ја стилизирате. Потоа исчешлајте ја косата со прстите, фаќајќи ја одзади во неуредно опавче под круната. Вака нема да дозволите косата да изгледа премногу мазно, а ќе ја задржи својата природна текстура.rnrnСтавете дебел стегач, но при последното вртење не ги извлекувајте врвовите докрај. Оставете 8-10 сантиметри ако косата ви е подолга или 2-5 ако ви е пократка.rnrnЗемете ги лабавите врвови и замотајте ги околу основата на пунџата скоривајќи ги во неа.rnrnПрицврстете го јазолот со шнола фаќајќи ги основата на пунџата и врвовите кои ги протнавте. Откако ќе ја прицврстите, можете да ја прилагодите формата на пунџата така што ќе извлечете неколку влакна со четка или со чепкалка за да добие поопуштен изглед.rnrnСтавете ја марамата замотувајќи ја одзади околу главата и врзувајќи ја во јазол или во машничка напред, малку над делот каде што започнува косата.rnrnДодатоците за коса се супер опција за пунџите, но треба да се внимава во изборот. Не избирајте висечки додатоци за да не изгледате како орнамент. Земете парче дезениран материјал или тенка марама и замотајте го како венче. Исто така, внимавајте како ги комбинирате марамите на глава со облеката што ја носете. Таа не мора сосема да одговара, но не смее ни премногу да е во конфликт со вашиот аутфит.rnrn
