3 причини зошто дарувањето крв е добро за вашето здравје

Сподели

Во светот се донираат 92 милиони дози крв годишно, а со едно дарување можат да се спасат и до 3 животи. Отприлика половина од крвта се донира во земјите со високи приходи каде што живее само 15% од популацијата.

Реклама

Нема како да се произведе крв. Единствениот извор на крв е човекот, односно дарувањето крв. За брзо, квалитетно и сигурно лечење на болните потребно е секогаш да има доволен број крводарители, а со тоа и доволна залиха на крв.

Ако досега не сте се одлучиле на добротворно дарување крв, можеби ви е потребна дополнителна мотивација. Всушност, дарувањето крв е одлично за вашето здравје. Не само што ќе спасите туѓ живот, туку можете да го спасите и вашиот.rn

1. Редовното дарување крв е поврзано со помал ризик од инфаркт

rnНа оваа тема се напишани неколку научни трудови. Научно е потврдено дека крводарителите поретко страдаат од инфаркт.rn

2. Одредување на здравјето на крвта

rnСо секое дарување крв се одредува крвната група и се прават лабораториски тестови за хепатит Б, Ц, ХИВ, сифилис и слично. Краткиот медицински преглед исто така е дел од дарувањето. Покрај тоа забележано е нешто интересно во врска со постарите крводарители. Со текот на годините се намалува еластичноста на вените и тие ослабуваат. Поради ова постарите крводарители се чувствуваат многу подобро откако ќе даруваат крв.rn

3. Чувство на самопочит за долг и квалитетен живот

rnПовеќето крводарители даруваат крв бидејќи едноставно сакаат да им помогнат на другите. Ова им дава чувство на сампочитување кое пак има одлично влијание на нивното здравје.

Најново

Може ќе ве интересира