КАФЕ ПАУЗА

Нешто што ќе ве замисли: 5 мајмуни во кафез

Група научници ставиле 5 мајмуни во кафез. Во средината на кафезот поставиле скала, а на врвот на скалата банани. Секој пат кога еден мајмун ќе се качел на скалата посегнувајќи по бананите, на останатите мајмуни им пуштале ладен туш. По некое време, секогаш кога некој мајмун ќе се качел на скалата, другите почнувале да го тепаат. По уште повеќе време, веќе ниеден мајмун не се осмелувал да се качи на скалата.rnrnrnrnПотоа научниците замениле еден мајмун со нов. Новиот мајмун веднаш паднал на искушението и почнал да се качува по скалата. Другите мајмуни почнале да го тепаат. По неколку обиди за качување и неколку тепања, новиот мајмун сфатил дека веќе не треба да се качува на скалата, иако не знаел зошто.rnrnПотоа научниците замениле уште еден мајмун и истото се случило. Првиот мајмун исто така учествувал во тепањето на вториот нов мајмун. Истото се случило и кога го замениле третиот мајмун, а потоа и четвртиот и петтиот.rnrnТака останала група од 5 мајмуни кои иако никогаш не биле изложени на ладен туш, продолжувале да го тепаат мајмунот кој ќе се обидел да се качува на скалата.rnrnАко би можеле да ви кажат мајмуните зошто секогаш го тепале оној мајмун кој се качувал на скалата, веројатно нивниот одговор би бил:rnrnНе знам. Така си функционираат овде работите.rnrnВи звучи ова познато?rnrnНе пропуштајте ја приликата да го споделите ова со другите. Бидејќи и тие можеби се прашуваат како многумина:rnrnЗошто продолжуваме да го правиме она што го правиме како да не постои поинаков начин?rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.