КАФЕ ПАУЗА

3 најлоши работи на кои нè научија уште како деца

3 најлоши работи на кои нè научија уште како деца

Written by

in

,

Сите имаме свој систем на вредности според кој го водиме нашиот живот. Тој најчесто се формира уште во детството. Но, тоа што некогаш изгледало како неопходност во најраните години, може да остане во нашите глави и кога сме возрасни и да не ни дозволува да уживаме во животот. Грегори Јанц, психолог и автор на повеќе книги, издвојува три најлоши работи кои ги учиме уште како деца, а подоцна ни го трујат животот кога сме возрасни.rnrn3 најлоши работи на кои нè научија уште како децаrn

1. Конформизам

rn„Каде сите, таму и ти“, или „зарем ти ќе се двоиш“ се фрази кои често сме ги слушале како деца, и тоа главно од возрасните. Сите сме седеле во прецизно одредени редици во училницата, а некои од нас дури носеле униформи на училиште. Секогаш нè учеле дека проблемите секој треба да ги решава на ист начин, од задачите по математика па сè до проблемите во детскиот живот. Затоа не е чудо што децата воопшто не им се наклонети на врсниците кои се поинакви и често покажуваат со прст на нив. Тоа е моментот кога конформизот е всаден во детскиот ум и почнува од личноста да развива медиокритет.rnrn3 најлоши работи на кои нè научија уште како децаrn

2. Перфекционизам

rnСите сме морале да бидеме најдобри во тоа што го правиме. Книшка и свидетелство со сите петки е стандард за успех, а не за исклучителност. Следствено на тоа се наградуваат само „совршените“ деца. Така детето се учи дека треба да биде задоволно само ако биде совршено во нешто и дека така треба да ја мери својата вредност како индивидуа. Проблемот е во тоа што таков стандард е невозможен и што тежнеењето кон него во детето всадува страв од преземање на ризици. Стравот од несовршеност, односно од неуспех потоа создава личност чиј начин на дејствување и живеење прави невозможно животот да се живее со полни гради.rnrn3 најлоши работи на кои нè научија уште како децаrn

3. Одобрување од другите

rnДодека растеме, бараме одобрување на нашите постапки и резултати од страна на родителите, наставниците, врсниците и постарите браќа и сестри. Нормално и здраво е да се очекува поддршка од авторитетите, но доколку на младата личност не ѝ се објасни дека одобрувањето од другите не е мерило за вредноста на една личност, тогаш ќе се претвори во возрасен човек кој ќе чека околината да му ја одреди неговата вредност. Тоа ќе им даде на другите контрола над тоа како таа личност се чувствува.rnrn3 најлоши работи на кои нè научија уште како децаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.