КАФЕ ПАУЗА

3 начини на кои врската која ја имаме со родителите влијае на љубовните врски кои ги формираме како возрасни

Она што сме како возрасни луѓе е резултат на тоа какви сме биле како деца, со што сме биле приморани да се соочиме, а најмногу од сѐ, на врската која сме ја имале со нашите родители. Целото детство е збир на искуства и случки кои нѐ формираат како личности, а потоа нѐ исфрлаат во реалниот свет во кој ќе треба да најдеме начин да преживееме. Формирањето конекции, дали пријателски или љубовни, е составен дел на таа сурова возрасна реалност. Науката вели дека врската која ја имаме со родителите во најголем дел влијае на тоа какви ќе бидат љубовните врски кои ние ќе ги формираме како возрасни луѓе. Еве како.rnrn(1)-3-nachini-na-koi-vrskata-koja-ja-imame-so-roditelite-vlijae-na-ljubovnite-vrski-koi-gi-formirame-kako-vozrasni-lugje-kafepauza.mkrn

1. Децата кои имаат функционална врска со родителите се склони кон формирање сигурни и стабилни љубовни врски

rnНајдобрата варијанта во која кое било дете може да израсне е таа во која врската меѓу родителите и децата е функционална. Функционална врска помеѓу родители и деца е онаа во која родителите ги сакаат и негуваат своите деца, се грижат за нив, но и истовремено поставуваат јасни граници помеѓу однесувањето кое е во ред и она кое не е.rnrnВаквата поставеност кон децата остава позитивни последици врз нивниот развој, па тие израснуваат во луѓе полни со самодоверба и почит кон себе и другите, сигурни во она што го прават и свесни за туѓите чувства и потреби. Како резултат на ова, тие деца успеваат да формираат стабилни и сигурни љубовни врски како возрасни луѓе, на што укажуваат и истражувањата на клиничкиот психолог Лиса Фајрстоун.rnrn(2)-3-nachini-na-koi-vrskata-koja-ja-imame-so-roditelite-vlijae-na-ljubovnite-vrski-koi-gi-formirame-kako-vozrasni-lugje-kafepauza.mkrn

2. Децата кои растат со несовесни родители се склони кон формирање анксиозни и несигурни љубовни врски

rnКога детето расте со родител кој свесно или не го занемарува, тогаш тоа дете е изложено на опасноста да израсне во возрасна личност полна со нервоза, депресија и чувство на напуштеност. Несовесноста кај родителите се карактеризира на многу начини: преку физичка или психичка отсутност од разни причини, некаква зависност или општа незаинтересираност за детето, а и како постојано карање помеѓу родителите. Како последица на ова занемарување од страна на родителите, детето уште во најраните години пројавува повлеченост, несигурност, депресија, неспособност само да се снајде во надворешниот свет, а најчесто кај него се јавува и чувство на помала вредност.rnrnРезултатот од вакво детство многу јасно се одразува на љубовните врски кои детето ги формира откако ќе стане возрасна личност. Ниската самодоверба и депресијата, како и ставот дека не вреди доволно како личност, заедно предизвикуваат неговите љубовни врски да бидат исполнети со чести промени на расположение, потреба од постојано уверување дека саканата личност нема да го напушти и сл. Со други зборови, врската ќе биде навистина стресна и напорна.rnrn(3)-3-nachini-na-koi-vrskata-koja-ja-imame-so-roditelite-vlijae-na-ljubovnite-vrski-koi-gi-formirame-kako-vozrasni-lugje-kafepauza.mkrn

3. Децата кои растат со родители чиј живот е хаотичен се склони кон тешко формирање на љубовни врски

rnКога животот на родителот е несреден и во хаос, честа појава е родителите и децата да си ги заменат местата. Така, наместо родителите да се грижат за децата, децата се грижат за родителите кои не можат да сврзат крај со крај. Грижејќи се за некого физички и претставувајќи нечија емоционална потпора е многу исцрпувачки, па кога дете кое треба да ужива во безгрижно детство е изложено на нешто такво, веројатноста е дека како возрасна личност ќе проба да ја избегне секоја врска која е можно да наликува на таа која ја имало со своите родители.rnrnДодека како дете чувствувало жал за своите родители, па без разлика што тоа не било негова работа, се грижело за нив, како возрасна личност ова дете ќе внимава да не западне повторно во таква врска. Токму затоа, формирањето љубовни врски ќе биде навистина тешко за ова дете кое израснало во ладна и дистанцирана личност од вистинскиот свет. Штитот кој ова дете како возрасен човек ќе го постави пред себе ќе го спречи не само да ги контролира своите чувства, туку некогаш и целосно да ги занемарува, притоа оддалечувајќи се себеси на секаков можен начин од реална врска..