КАФЕ ПАУЗА

21 фаза низ која поминува токсичната љубовна врска помеѓу нарцис и емпат

21 фаза низ која поминува токсичната љубовна врска помеѓу нарцис и емпат

rnrn 12. Емпатот, не може да увиди дека повторно е манипулиран, бидејќи нарцисот всадил моќна, извртена реалност во неговата глава. Притоа, емпатот почнува да се сомнева во сопствениот здрав разум и перцепција. Емпатот, едноставно не може да ја види вистината, дека нарцисот е тој којшто е зол и се однесува комплетно некоректно.rnrn 13. Секој обид на емпатот да комуницира искрено со нарцисот, нема да води никаде. Нарцисот, секојпат ќе се обидува да ја префрли вината кон емпатот и да се оправда себеси.rnrn21 фаза низ која поминува токсичната љубовна врска помеѓу нарцис и емпатrnrn 14. Емпатот треба да разбере дека е сосема во ред и нормално, да се чувствува збунето, изгубено, ненаоружано и длабоко повредено. Тој треба да започне сериозно да размислува за сè и да се посвети на себе, за да може повторно да се чувствува нормално.rnrn 15. Емпатите имаат силна дарба за исцелување на други луѓе. Тие поседуваат моќна внатрешна сила, која им е неопходна за да ја надминат секоја препрека којашто ќе им застане на патот. Тие се способни да ја ублажат туѓата болка како да е нивна, само доколку имаат желба да го сторат тоа.rnrn 16. Емпатот, во оваа фаза, конечно ќе ја открие вистината, дека нарцисот не ја заслужува неговата љубов, грижа и посветеност. Емпатите мораат да разберат дека, не секој којшто ќе направи тажен израз, го покажува своето вистинско лице. Во светот, постојат многу луѓе коишто имаат скриени, злобни мотиви и се служат со безброј манипулативни техники, за да го добијат тоа што го сакаат. Исто така, емпатот мора да се соочи со бруталната вистина, дека не секој што ќе изусти „те сакам“, навистина го мисли тоа.rnrn 17. Потоа, емпатот треба да сфати дека тој е вистинската жртва во таа врска, а не нарцисот, како што мислеше цело време.rnrn 18. Кога емпатот ќе увиди дека нарцисот нема никогаш да се промени, тоа ќе биде многу тешко откритие и освестување за него. Како и да е, оваа фаза е неопходна за да може емпатот да продолжи понатаму со животот и да стави крај на оваа токсична врска со нарцисот.rnrn 19. Нарцисот ќе си продолжи со животот, како ништо да не се случило. Тој дури нема ни да ја помни огромната љубов и почит, којашто емпатот му ја давал.rnrn 20. Нарцисот ќе продолжи понатаму, во поход по нова жртва.rnrn 21. Емпатот ќе стане помудар, поцврст и повнимателен околу тоа, на кого ја нуди својата љубов, време и нежност. rnrnМоже да ве интересираат и овие 10 знаци дека сте во врска со нарцис.