rnrn
rn
11. Имате самодоверба
rnИмате доволно самодоверба за да не бидете арогантни или игнорантни. Кон никого нема да се однесувате надмено. Постојано ги инспирирате луѓето, но и дозволувате да бидете инспирирани.rn
12. Секогаш сте биле борци
rnКога паѓате не останувате на земја, се исправате и задавате удари. Сетете се на таквите моменти кои ќе ве потсетат дека сте успешни.rn
13. Дисциплинирани сте и одговорни
rnНе барате изговори туку наоѓате начини. Не можете да ги поднесете оние кои одлагаат и секогаш наоѓаат изговор за неуспехот да не биде нивна вина. Верувате дека постои судбина, но секој од нас одбира дали ќе се помачи или ќе одбере да чека на готово – тука секој има избор.rn
14. Знаете да речете „не“
rnНе чувствувате потреба да им угодувате на луѓето бидејќи знаете дека тоа никогаш нема да го постигнете. Кога ситуацијата налага така, ќе речете „не“.rn
15. Имате успешни пријатели
rnНаголемо сме под влијание на луѓето со кои често сме опкружени. Доколку вашите пријатели се одговорни, дисциплинирани и успешни, токму такви вибрации добивате секојдневно.rn
16. Не ја наоѓате вината во другите
rnШто и да се случи, прво прстот ќе го вперите кон себе бидејќи само така може да научите од своите грешки и да се подобрите во иднина.rn
17. Не си го губите времето
rnНаместо да ги влечете часовите вие одбирате продуктивност. Неретко другите ви се восхитуваат како е можно така да го користите времето. Вие знаете колкава е вредноста на времето, иако понекогаш уживате да се опуштите не правејќи ништо. Сепак, времето кое уживате да го губите не е залудно губење време.rn
18. Се грижите за своето здравје
rnЗнаете дека здравата исхрана, движењето, неодлагањето на лекарските прегледи е здрав начин на живот кој ќе ви обезбеди подобро функционирање. Што и да ви се случи и колку и да сте зафатени, нема да заборавите на своето здравје.rn
19. Зрели сте
rnЧувствувате дека созревате и согледувате промена во вашиот начин на однесување како и стил на живот од порано. Знаете дека успехот не е нешто што се проценува само материјално, тоа едноставно е начин на живот.rn
20. Исполнети сте
rnМногу често ви се случуваат оние моменти кога задоволно воздивнувате и уживате во она што го работите. Честитки!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
