Ниту една личност не е совршена, па така ниту љубовните врски можат да бидат идеални, како од соништата. Токму поради ова не треба да се чудите за тоа што секоја врска има и нерешливи проблеми, бидејќи тоа е сосема нормално.rnrn
rn
„Траен“ конфликт на парот
rnСпоред мислењето на Џон Готман, ценет психолог и професор кој целиот свој работен век го посветил на истражувањето на љубовните односи и брачната стабилност, идејата за тоа дека паровите мораат да ги решат сите свои проблеми е само бајка. Дури и најсреќните парови имаат „трајно“ нерешени конфликти. Понекогаш тоа се мали работи како караницата околу тоа кој ќе биде задолжен за миењето на садовите, а понекогаш причина за конфликтот е некоја важна работа. Готман вели дека во врските и браковите дури 69% од караниците започнуваат токму поради тие нерешени конфликти.rnrnТие пак се резултат на фундаменталните разлики помеѓу партнерите, разликите во карактерите, потребите и очекувањата. Поради тоа е нереално да очекувате дека навистина ќе ги решите. Многу пореално е да очекувате дека со одредена доза компромис ќе научите да ги толерирате разликите поради кои и доаѓа до конфликти.rn
„Голтање“ на емоциите
rnПонекогаш веднаш реагираме на некоја проблематична ситуација и истата секунда го изразуваме нашиот став или мислење за неа, но често ги голтаме емоциите и потоа дополнително се одлучуваме да го решиме проблемот што нѐ мачи. Експертите одамна советуваат дека не е добро да ја сокривате повреденоста, иако тоа прво ви доаѓа да го направите. Игнорирањето на проблемот доведува до насобирање на негативни емоции кои пред или подоцна ќе излезат на површината, но обично во погрешен момент и поради некоја друга причина. Секако, без разлика на тоа што знаеме дека не е добро да ги голтаме емоциите или да ги игнорираме проблемите, сепак и понатаму го правиме тоа.rnrnМожеби овој партнер не ви одговара? 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.