Дали знаевте дека постојат психолошки трикови кои можат да ви го олеснат секојдневниот живот? Ви откриваме два со чија помош ќе можете да ја прекинете несаканата кавга или да ја смирите личноста која сака да започне да се расправа со вас.rnrn
rn
1. „Ефектот на човек кој јаде“ ја прекинува кавгата
rnСакате да прекинете кавга? Послужете се со „ефектот на човек кој јаде“. Овој трик стана популарен благодарение на виралното видео во кое еден господин прекинува кавга поминувајќи и грицкајќи чипс помеѓу двајца кавгаџии во воз. Природно, тој заради ова го доби прекарот „Snackman“. Консумирањето храна има смирувачки ефект врз луѓето. Ако не го знаат тоа, луѓето кои набљудуваат како другите јадат, несвесно стануваат помалку агресивни.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Erlw-ODVZxUrn
2. Седнете покрај „непријателот“ и намалете ја напнатоста
rnДали некогаш сте работеле со личност на која не ѝ се допаѓате? Ако мислите дека е на чекор пред да почне да ве напаѓа или да започне кавга, седнете покрај неа. За да започне расправија со вас, ќе треба да се сврти со целото тело кон вас. Па, во тој момент или ќе почувствува вина или ќе ѝ стане неудобно да кажува неубави работи за вас додека седите толку близу еден до друг. Најверојатно ќе се повлече и ќе замолчи.rnrnИсто така, ви предлагаме да погледнете и како да ја претворите караницата во размена на мислења.