rn
8. Лажниот духовен близнак ќе ви се појави во оној период од животот кога ќе треба да бидете разбудени. Вистинскиот духовен близнак ќе се појави кога ќе треба да се издигнете
rnНе е исто да се разбудите и да се издигнете. Будењето се случува во моментот кога ќе почнете да ја препознавате вашата внатрешна сила, а издигнувањето е оној момент кога ќе почнете да ја користите.rn
9. Лажниот духовен близнак постојано ќе ве тера да се прашувате дали ви е судено да бидете заедно, додека намерите на вистинскиот близнак ќе бидат јасни уште од самиот почеток
rnЛажниот духовен близнак секогаш ќе ви се чини дека е по малку недостижен. Ќе мислите дека постојано мора да се трудите за да ја одржите врската. Врската со вистинскиот близнак тече природно, без вложување многу труд.rn
10. Лажниот духовен близнак ќе ви даде лажна надеж, а врската со вистинскиот духовен близнак ќе биде незаменлива
rnЌе ви се скрши срцето кога ќе дознаете дека вашиот лажен духовен близнак ја остварува истата волшебна врска и со други луѓе. Вашиот вистински духовен близнак никогаш немал толку блиска врска со друг човек и тој ќе биде свесен за овој факт.rn
11. Лажниот духовен близнак ќе се плаши од вашиот успех, а вистинскиот близнак ќе добива инспирација од него
rnЛажните духовни близнаци се многу слични на вас и најверојатно тоа е главната причина зошто се привлекувате. Меѓутоа, кога ќе почнете да напредувате, вашиот лажен духовен близнак ќе направи да се чувствувате виновно поради тоа или ќе си помисли дека „губи“ нешто. Вистинскиот духовен близнак не само што ќе се радува со вас туку и ќе ви помогне да успеете.rnrn
rn
12. Лажниот духовен близнак ќе ви покаже што треба да промените за да преживеете, додека вистинскиот близнак ќе ви покаже што треба да направите за да успеете
rnЛажниот духовен близнак ќе го означи почетокот на вашето будење. Ќе ви ги открие вашите стари рани и навики кои ви го попречуваат патот до успехот. Вашиот вистински духовен близнак нема да ја нагласува вашата болка од минатото, туку ќе ви помогне да сфатите што треба да направите за да имате исполнет живот.rn
13. Лажниот духовен близнак ќе ве инспирира да се разбудите сами, додека вистинскиот духовен близнак ќе ве натера да го сторите тоа заедно
rnВрската со лажниот духовен близнак ќе го разбуди само едниот од партнерите, додека врската со вистинскиот духовен близнак ги буди обајцата партнери истовремено.rn
14. Ќе имате заедничка визија за вашите животи со вашиот вистински духовен близнак
rnВашиот лажен духовен близнак секогаш ќе има малку поинаква визија за животот. Не мора да се согласите за сѐ, но треба барем да правите компромиси еден за друг.rn
15. Ќе се прашувате зошто врската со лажниот духовен близнак ви се случува токму вам. Ќе бидете сосема сигурни во смислата на врската со вашиот вистински духовен близнак
rnКога ќе бидете со вашиот лажен духовен близнак, постојано ќе се прашувате зошто чувствувате толкава болка. Во врската со вашиот вистински духовен близнак, ќе разберете дека несогласувањата ви помагаат да созреете и да станете подобри партнери и подобри луѓе.rn
16. Лажниот духовен близнак ќе ви дава изговори од типот „не е вистинското време“ и „треба да бидеме слободни што е можно подолго“ за да не чувствува обврска кон вас
rnВрската со вистинскиот духовен близнак ќе се оствари и покрај сите пречки на патот. Нема да постојат бариери, време, планови и интереси што би можеле да го премислат вистинскиот близначки пламен и да го убедат дека не треба да започнува врска со вас.rnrnВо продолжение прочитајте што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак.
