Сигурно кога сте биле мали сте сметале дека вашиот татко е најдобар, најсилен, највешт и најпаметен. За многумина тоа важи и денес. Тие ќе го препознаат својот татко во овие шеснаесет знаци.rnrn
rnrn1. Се разбира во сите ситни поправки на овој свет. Кога ви треба нешто да се поправи, тој е првиот на кого помислувате.rnrn2. Има отворен ум. Не е како оние татковци – генерали кои секогаш знаат што е „најдобро“ за вас, туку има отворен ум и разбира дека денешната младина има свој начин на однесување. Тој ги прифаќа новините кои ги носи времето.rnrn3. Има добра смисла за хумор. Веројатно и мајка ви е со него поради тоа, а знае и вас секогаш да ве насмее.rnrn4. Верува во вас. Понекогаш е критичен кон вас, но никогаш не ја загубил вербата дека неговото дете може да постигне многу во животот.rnrn5. Ја третира мајка ви како кралица. Им дава пример на своите синови и ќерки како треба да изгледа односот помеѓу маж и жена.rnrn6. Знае како да ве дисциплинира. Тој ги има вистинските методи со кои што вие не сте ни свесни дека тој се обиде да ве научи лекција. Знае кога да реагира, а кога можете и да се извлечете со грешката што сте ја направиле.rnrn7. Ги прифаќа вашите недостатоци. Не само поради неговата голема љубов кон вас, туку и поради тоа што знае дека никој не е совршен.rnrn8. Можете да се потпрете на него. Секогаш и во сè, и за добро и за лошо.rnrn9. Супер ви е кога поминувате време заедно. Со него ви е забавно и кога тој си ја извршува родителската должност да ве воспитува.rnrn10. Тој дава пример со своето однесување. Не е човек кој ве тера да не пцуете додека тој го прави тоа. Тој се однесува онака како што очекува и неговите деца да се однесуваат.rnrn11. Несебичен е. Секако дека е дарежлив кон вас, но дарежлив е и кон луѓето кои не му се толку блиски. Тој знае како да го стави туѓиот интерес пред својот кога тоа е потребно.rnrn12. Секогаш дава добри совети. Се обраќате кај него, а тој прво внимателно ќе ве сослуша пред да покаже дека постои решение за секој проблем.rnrn13. Сите го сакаат. Неговите пријатели и соседите многу го почитуваат, а ниту на вашите другари или другарки не им пречи кога ќе ви се придружи.rnrn14. Го штити семејството по секоја цена. Ќе направи сè што е потребно за неговото семејство да се чувствува безбедно и удобно. Ќе работи и прекувремено само за да ви обезбеди подобро образование или летен одмор.rnrn15. Не можете да си го замислите животот без него. Затоа што татко ви е прекрасен човек.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.