КАФЕ ПАУЗА

15 работи што ѝ се потребни на секоја девојка за на летен одмор

15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одмор

Written by

in

,

Се пакувате за на одмор? Нели чувството е возбудливо и прекрасно? Пред вас се сончеви денови погодни за убави спомени кои ќе ги „фатите“ на слика. Но не заборавајте со себе да ги понесете најнеопходните и најпрактичните работи, особено оние кои ви се потребни за на плажа.rn

Голема торба за на плажа

rnГолема торба е нешто што секоја девојка треба да го има бидејќи собира сè што треба да понесете со вас на плажа. За да биде уште попрактична, одберете некоја со повеќе прегради, така што поважните работи веднаш ќе ви бидат на дофат. Ги има во многу дезени и модели, па најдете ја онаа која најмногу одговара на вашиот стил ова лето.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

Костим за капење што ќе ви стои одлично

rnДобриот и квалитетен костим за капење кој „се согласува“ со вашата форма на тело ќе придонесе да се чувствувате навистина самоуверено на плажа. Може да ви послужи за повеќе од една сезона, така што не треба да штедите и секако, одберете го внимателно.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

Голем пешкир за на плажа

rnОдберете голем и мек пешкир за на плажа со интересен дезен кој ќе го истакне вашиот стил.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

Млеко за сончање со висок заштитен фактор

rnБидете заштитени при сончањето и секогаш кога се пакувате за на одмор не заборавајте да понесете со себе млеко за сончање. Ќе ве заштити од штетните ултравиолетови зраци, од појава на брчки и изгореници од сонцето, и секако, ја хидрира кожата.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

Разладувачки гел за после сончање

rnГел од алое вера или слична состојка со разладувачки ефект навистина ќе ви помогне после многуте часови поминати под сонцето. Кога станува збор за разладување на кожата по сончање, наместо гел може да одберете и спреј. Сеедно, имајте го при рака на високите температури.rn

Маст за потхранување на усните

rnГрижата за усните во текот на летото не смее да се изостави. Со себе на одмор понесете го омиленото лабело или гроздова маст за да ги хидрирате усните и да го спречите оштетувањето од УВ зраците.rn

Книги и списанија

rnОдморот и излежувањето покрај вода се совршена прилика за читање. Понесете ги со себе омилените списанија и макар една книга.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

Таблети против болки и мачнина

rnНе, никој не го сака тоа на одмор, но имајте ги при рака чисто заради претпазливост. Ќе одите на нова територија, вашето тело ќе се соочи со различна клима и сосема поинаква храна. Консултирајте се со лекар или понесете ги со себе аналгетиците и таблетите кои обично ги консумирате кога ќе почувствувате мачнина.rn

Очила за сонце кои ви стојат „убиствено“

rnНе мора да бидат скапи, всушност пожелно е да не понесете со себе скапи очила за сонце кога одите на одмор бидејќи ризикувате да ги изгубите или скршите. Најважно е да ги носите со самодоверба и да ве заштитат од сонцето.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

Пред плажа: спакувајте свежо овошје и зеленчук

rnСвежото и сочно овошје, како и зеленчукот, ќе ве освежи и витаминизира додека сте изложени на сонце и ќе спречи дехидрација на организмот. Одбегнувајте тешка и брза храна на високи температури. Овошните и зеленчуковите салати се секогаш најдобри пријатели на вашето здравје. Уште една голема придобивка е тоа што многу овошја и зеленчуци содржат состојки кои ја хидрираат и заштитуваат кожата од сончевите зраци. На пример морковот ќе ви помогне да добиете подобар тен, грозјето има антиоксидантни дејства, а исто пожелно е да консумирате диња, ананас, лубеница, јагоди и сл.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

Кокосово масло

rnКокосовото масло може да го користите како продукт за коса и тело. Со нанесување на косата, особено на врвовите, ќе спречите појава на суви врвови и оштетена коса. Исто, може да го користите и како масло за тело бидејќи ја хидрира кожата и дава одличен мирис, а познато е и по антицелулитните својства. Со тоа заштедувате пари кои инаку би ги потрошиле на други продукти, како и место во вашиот куфер.rn

Аксесоари за коса

rnВисоки летни температури, плажа, сонце, слобода во вашиот стил на облекување. Аксесоарите за коса се секогаш добредојдени за време на летото. Одберете шарени и интересни додатоци за да не трошите време на правење фризури.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

Заштитна маска за телефон

rnПожелно е да потрошите некој денар за добра заштита на вашиот телефон со оглед на тоа што на песокот на плажите тој ќе биде изложен на оштетување.rn

Шешир за заштита од сонце

rnДали дамскиот шешир или спортското капче повеќе ја изразува вашата личност? Како и да е, понесете го со себе. Ќе ве заштити од силното сонце, а да не заборавиме дека е неизоставен моден додаток.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

Удобни обувки

rnОдберете лесни и удобни обувки, сандали и влечки за на плажа. Не потценувајте ја важноста на удобноста на вашето стапало.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.