15 нешта кои треба да престанете да им ги дозволувате на луѓето околу вас

Сподели

Никој од нас не би сакал да живее сам и во осаменост. Животот се состои од заедничко коегзистирање и интеракција со другите луѓе. Но не по секоја цена и со секого. Внимавајте кои од луѓето околу вас ви ја црпат енергијата, кои постојано ве осудуваат, а кои ве спречуваат во вашиот развој и напредок. Исфрлете ги овие луѓе од вашите животи и држете се до тие кои секогаш знаат да дадат добронамерна критика, но пред сè ќе ви пружат поддршка тогаш кога ви е најпотребно.

Реклама

rn

1. Не дозволувајте им на луѓето да ви кажуваат како да живеете

rnИли како треба да се облекувате, со кого да излегувате или што да јадете.rn

2.Не дозволувајте им на другите да ви ја одземаат енергијата

rnОслободете се од овие луѓе и не канете ја нивната негативност во вашите животиrn

3. Не дозволувајте им на луѓето да го пикаат носот во вашиот живот

rnЛуѓе кои воопшто нема причина зошто да бидат присутни во вашиот живот. Држете се настрана од оние кои само сакаат да озборуваат наоколу.rn

4. Не дозволувајте им на луѓето да се смеат на вашите соништа

rnМалите умови разговараат за мали идеи. Ако сакате да сонувате за големи нешта, треба да се опкружите со луѓе кои веруваат во животни соништа или со луѓе кои можат да ги остварат тие соништа.rn

5. Не дозволувајте им на луѓето да ве излажат и по втор пат

rnАко некој ве убеди дека се променил, не верувајте му и не давајте му втора шанса. Самите се лажете.rn

6. Не прифаќајте совети од луѓе кои и самите не ги применуваат

rnАко луѓето кои ви делат совети самите не се придржуваат до нив, не слушајте ги.rn

7. Не дозволувајте им на луѓето да ги посочуваат вашите порази

rnЧудно, но некои луѓе се чувствуваат подобро со себе кога ги омаловажуваат другите. Не давајте им таква моќ. Соочете се со нив или напуштете ги засекогаш.rn

8. Не дозволувајте им на луѓето да прават да се чувствувате несакано

rnИсфрлете ги од вашиот живот луѓето кои постојано ви велат дека сте тешка личност и дека треба да се промените. Не грижете се, има луѓе кои ве сакаат такви какви што сте. Држете се до нив. Тие се доволни.rn

9. Не дозволувајте да ја искористуваат вашата добрина

rnИли вашето време. Бидете добар пријател, но секогаш треба да знаете кога ве земаат здраво за готово.rn

10. Не дозволувајте им на луѓето да ве оддалечат од вашите страсти

rnЗатоа што се луди, нереални или нема да ви донесат заработка. Не дозволувајте им да ве сопрат во потрагата по вашата среќа.rn

11. Не дозволувајте им на луѓето да ве притискаат со време

rnЛуѓето сакаат временски рамки и рокови. Не дозволувајте да бидете само една точка од временскиот распоред на другите.rn

12. Не дозволувајте им на луѓето да ве етикетираат

rnРанливи. Емотивни. Луди. Неодлучни. Комплицирани. Луѓето сакаат да етикетираат, но тоа не значи дека вие треба да се согласите. Отфрлете ги нивните етикети.rn

13. Не дозволувајте да ве одвлечат од вашите идеи

rnМора да преземете ризик и да верувате во себе. Не споделувајте ги сите идеи со луѓе кои нема да ги разберат.rn

14. Не дозволувајте луѓето да ве обвинуваат за нивните проблеми во животот

rnНе дозволувајте им да ве посочат како виновник за нивните проблеми и грешки.rn

15. Не дозволувајте им на луѓето да ви земат повеќе отколку што ви даваат

rnНа крајот од денот, луѓето можат ненамерно да ве исцедат или да ве изневерат. Кога некој ви наметнува ставови и гледишта, запомнете дека не мора да ги прифатите.

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира