Растењето со постара сестра може да има и позитивни и негативни страни, но таа сепак е најдобриот подарок кој некогаш сте го добиле. Вие однапред ќе знаете што ве чека во животот, секогаш ќе имате личност на која можете да се потпрете и која ќе ве заштитува до крајот. Па, доколку имате постара сестра, тогаш дефинитивно ќе ја пронајдете во следниве 15 нешта…
rn
1. Таа однапред ве предупредува за сите оние нешта кои ве чекаат
rnКога станува збор за сите оние лоши нешта кои можат да ви се случат додека растете, поголемата сестра може времено да ве предупреди со цел да ви помогне полесно да се справите со нив. Бидејќи таа веќе поминала низ сите овие нешта, може дури и да ви помогне целосно да ги спречите. Доколку решите да ја послушате.rn
2. Таа ве заштитува, дури и кога не е во близина
rnУчилиштето може да биде тешко, но со добар животен учител вие многу полесно можете да се справите со сите оние „пријатели“ чија единствена мисија е да ви го загорчат животот. Од друга страна пак, бидејќи сите ја познаваат, големи се шансите дека токму поради неа можеби и никој нема да сака ни да ве допре.rn
3. Таа е брутално искрена со вас
rnДоколку некој ќе ви ја каже вистината онака како што навистина е, тогаш тоа ќе биде вашата поголема сестра. Без разлика колку се тешки нејзините зборови, вие знаете дека таа ги искажува со љубов и со цел да ви помогне.rn
4. Нејзините познанства ќе ви помагаат во текот на целиот живот
rnВо детството таа била вашиот „штит“, но тоа не престанува откако ќе пораснете. Денес, нејзините познанства можат многу да ви помогнат како за социјалниот, така и за професионалниот живот.rn
5. Нејзините совети ќе бидат засекогаш врежани во вашата глава
rnИ ќе ве водат кон вистинскиот пат во животот. Доколку некогаш ви е потребен совет или каква било поддршка, таа е секогаш тука за вас. Без разлика за што станува збор. Едноставно не постои подобар совет од оној кој е настанат преку искуство.
rn
6. Таа го крши мразот кај вашите родители
rnЗапочнувајќи од лудото однесување во адолесценцијата, па сè до бракот и децата, вашите родители веќе ги поминале овие нешта со неа, па токму затоа и знаат точно како да се однесуваат со вас без притоа да прават драматични сцени.rn
7. Таа секогаш ви опростува
rnОдберете која било личност од вашето друштво и замислете како ја удирате, ја кубете, ја нарекувате со погрдни зборови, па дури и ѝ велите дека ја мразите… Што мислите, како таа ќе се чувствува и дали ќе продолжите да се дружите? Најверојатно не. Но, сестрите едноставно не можат да си останат лути едни на други бидејќи неизмерно се сакаат.rn
8. Таа знае како да ја преземе улогата на одговорната личност
rnКога станува збор за семејни настани или родендени, вашата сестра е секогаш тука да ве потсети на датите и да ги организира средбите.rn
9. Таа долго време беше или сè уште е вашиот личен шофер
rnКога вашата сестра ја добила својата возачка дозвола, вие сигурно сте се радувале повеќе и од неа бидејќи сте знаеле дека отсега па натаму секогаш ќе имате превоз. Исто така сте се чувствувале многу кул затоа што сите ваши пријатели доаѓале со нивните родители, додека вие сте се возеле до училиште или на други места со неа.rn
10. Таа никогаш не ве издавала
rnБез разлика што сте направиле, таа никогаш нема да ја пренесе вашата вина на родителите и ќе направи сè што е во нејзина моќ да ве заштити. Дури и кога не го одобрува вашето однесување.
rn
11. Таа ви го олеснила основното училиште
rnСите учителки ве познаваа како помалата сестра на ученичка со добра репутација и високи оценки. Токму затоа и вие многу лесно ги добивавте вашите оцени, како и брзо ви опростуваа за вашето лошо однесување само бидејќи во вас ја гледаа вашата постара сестра.rn
12. Таа отсекогаш била вашиот личен стилист
rnВие не можете да замислите да облечете одредена модна комбинација без претходно да се консултирате со неа. Истото важи и за фризурата. Таа отсекогаш имала одличен вкус за модата, која потоа го пренела и врз вас.rn
13. Таа е единствената личност со која можете да разговарате за вашите фамилијарни проблеми
rnДоколку вашето семејство или фамилија поминуваат низ тешки периоди, таа е секогаш тука да ве ислуша и да ви помогне побрзо да ги надминете потешкотиите. Всушност никој друг не би можел да ве сфати онака како што ве сфаќа таа, бидејќи и двете се наоѓате во истата ситуација.rn
14. Таа го чува вашиот грб
rnКога ќе настанат недоразбирања помеѓу вас и одредена личност, таа е секогаш тука безусловно да ве поддржува. Дури и покрај тоа што знаете понекогаш и самите да се карате, таа од вашето раѓање навива само за вас.rn
15. Таа ви дава одлични љубовни совети
rnТаа ве познава толку добро, што знае точно што да каже со цел да ви биде подобро. Без разлика дали станува збор за раскинување или за дилема на оваа тема, таа ќе ве сослуша, а потоа и ќе ви го даде најдобриот совет за вас.

