КАФЕ ПАУЗА

15 нешта кои мора да ги запомните доколку сте во врска со личност која се бори со зависност

Доколку сте во љубовна врска со личност која се бори со зависност, тогаш сигурно знаете дека работите најчесто не се многу едноставни. Но, доколку ги имате на ум следниве 15 нешта, вие многу полесно ќе можете да се справите со оваа тешка ситуација…rnrn15 нешта кои мора да ги запомните доколку сте во врска со личност која се бори со зависностrn

1. Вашата љубов не може да го замени нивниот порок

rnВие сакате да им помогнете и гледате на овој проблем како тест за издржливост на вашата љубов. Вие сакате да ги спасите така што ќе ја замените нивната зависност со зависноста од вас. Дури и да е можно ова да се изведе, зарем навистина би го сакале тоа? Тоа е навистина опасна игра.rn

2. Вашето оддалечување не е индикација дека сте направиле нешто погрешно

rnПонекогаш тие нема да бидат способни да ве погледнат во очи бидејќи се срамат од она што се. За нив е многу тешко да гледаат како нивните дела ве повредуваат. Исто така тешко им е постојано да ги потсетувате дека тие можат подобро.rn

3. Поддршката е подобра од решението

rnКога некој навистина сака да помогне, тој или таа навистина верува дека ако се потруди доволно, ќе може да реши сечиј проблем. И покрај тоа што вие сте посветени на оваа мисија, личноста која страда од одредена зависност може да ве сфати многу погрешно. На нив им не им е потребно ништо повеќе од вашата поддршка и водење… Тие не сакаат да се обидувате да ги „поправите“.rn

4. „Извини“ најчесто не значи „Ќе се променам“

rnКога некој кој го сакате ви се извинува, вие сакате да верувате дека постои напор за промена од оваа личност зад тоа извинување. Но, реалноста најчесто е многу спротивна, па со тек на време можете дури да помислите и дека самото извинување не било толку искрено како што ви се чинело во тој момент.rn

5. Зависноста не е изговор за измама

rnДоколку тие не се искрени со вас, тоа најчесто значи дека тие самите сè уште не се свесни што им се случува. Но, тоа не може да биде изговор кој бескрајно ќе трае.rn

6. Не им попувајте, дури и кога нештата ќе станат навистина лоши

rnКога некој страда, воопшто не е во ред да ги засрамувате или пак, да се обидувате да ги морализирате нивните постапки. Последното нешто што сакате да го направите е тие да се почувствуваат под закана во ваша близина.rn

7. Вие не смеете да бидете причината за нивното сопирање

rnОпасно е од нив да барате да се променат за вашата љубов. Тоа може да значи дека доколку дојде до раскинување, тие целосно да бидат уништени и да посегнат повторно по својата зависност. Сопирањето мора да биде одлука која ќе ја донесат самите за себе.rn

8. Тие нема добро да одговорат на мандати

rnНикогаш нема да биде добро време за ова. Дури и да се при крај со борбата против нивната зависност, вие нема да можете да го процените тоа бидејќи станува збор за интерна битка со симптоми кои тие најверојатно ги кријат од вас. Во овие моменти тие можат да се фокусираат само на сегашноста и ништо повеќе.rn

9. Дури и да успеете да поставите ултиматум, тие можат да го сторат истото

rnИ ќе се најдете во ситуација од која не е возможно да се излезе…rn

10. Вие ќе верувате дека нивната ситуација е различна

rnБидејќи сте ги виделе во нивното најдобро светло, вие знаете точно колку многу можат да се подобрат. Но, и покрај тоа што вие силно верувате во нив, тоа не значи дека нивната ситуација е различна од онаа на останатите зависници.rn

11. Не можете да ги преземате нивните одговорности

rnМногу е тешко да давате поддршка без притоа да се претворите во „патерица“. Но, тоа најмалку им е потребно од вас. Тие мора да научат како да си бидат поддршка самите на себе.rn

12. Тие ќе ви велат дека не можете да разберете и до одреден степен ќе бидат во право

rnДоколку вие самите не сте поминале низ истото, тогаш не можете да знаете што точно се случува во нивното тело, па токму затоа и можете да ги навредите доколку се обидувате да ги убедите дека разбирате.rn

13. Доколку сакате да си одите, не треба да чувствувате вина

rnПостојат многу фактори кои придонесуваат за раскинување. И покрај тоа што мора да се осигурите дека вашето заминување нема да предизвика тие да потонат подлабоко, доколку ги оставите во добри раце не треба да се чувствувате виновно. Тие имаат доволно луѓе да им пружат поддршка ако вие едноставно не можете да се справите со тоа.rn

14. Целосното предавање на оваа личност може да биде исцрпувачко

rnИ вие не можете целосно да се откажете од вашата среќа со цел да ѝ помогнете на оваа личност по секоја цена.rn

15. Тие треба да ја сакаат вашата помош

rnБидејќи во спротивно што и да кажете ќе биде за џабе. Опростувајте, бидете внимателни со нив и покажете им дека сте тука за да помогнете. Исто така бидете цврсти при одржувањето на вашиот став дека сакате да видите подобрување кај нив.