15 начини да бидете подобра личност

Сподели

Не е потребно многу за да бидете подобра личност. Сè што ви треба се малку труд, храброст и сочувствителност за да направите некој да се чувствува посебно и важно. На овој начин не само што ќе бидете подобри, туку и ќе се чувствувате подобро во врска со себе.

Реклама

rn

1. Поставете пример за децата

rnНема потреба да бидете родител или наставник за да го пренесете вашето знаење на малите. Волонтирајте да бидете поголем брат или сестра на некое дете. Одете во училишта и споделете ги вашите искуства, разговарајте за вашата работа и научете ги децата на некои вештини. Покажете им на малите како изгледа да бидат добра личност во надворешниот свет.rn

2. Помогнете им на оние на кои им треба помош најмногу

rnВолонтирајте и разубавете им го денот на помалку среќните. Подгответе оброци за бездомниците, донирајте во добротворни организации, однесете ги предметите и облеката што не ги користите во дом за сираци.rn

3. Изненадете ги саканите со охрабрувачки пораки

rnНапишаните охрабрувачки зборови можат да бидат исто толку моќни колку и кажаните. Оставете порака во нечиј ручек. Напишете порака на нечиј автомобил. Дајте му комплимент на некого со порака или имејл. Овој едноставен гест може навистина да го разубави нечиј ден.rn

4. Оставете подароци за странци

rnВметнете слатки пораки во книгите што сте ги позајмиле. Оставете чадор на јавно место додека врне, на некој сигурно ќе му треба. Оставете обележена ужина за некого. За да бидете добри не мора секогаш другите да знаат дека сте направиле нешто. Понекогаш треба да останете анонимни.rn

5. Заменете ги грубите зборови со добри

rnНеучтивоста може да дојде од странците на улица, но и од најсаканите. Луѓето кажуваат нешта што некогаш звучат како навреда, а понекогаш го прават тоа намерно. Кога ќе се случи ова наместо да возвратите со грубост, кажете некој комплимент.

rn

6. Ослободете го вашето место во автобус

rnПокажувањето добрина значи да им помагате на другите. Ова не мора да биде спасување живот, доволно се учтиви дела и постапки што помагаат. Понекогаш доволно е само да го ослободите вашето место во автобус на некој изнемоштен или постар. Помислете и на другите. Вашата мала неудобност не се ни споредува со радоста што ќе ја почувствува другата личност.rn

7. Престанете да се жалите

rnИнтернетот ни дава одлична можност да се жалиме за нашите животи. Обидете се да му одолеете на ова искушение. Наместо тоа користете го Интернетот и социјалните мрежи за ширење позитивност. Ако се случило нешто лошо и сакате да го споделите, кажете и некоја шега со тоа. На овој начин другите ќе видат колку добро се справувате со конфликтите и ќе им биде јасно дека не сакате да ги наметнувате вашите проблеми на некој друг.rn

8. Бидете подобри кон себе

rnДа бидете добри кон себе е одличен начин да научите како да бидете добри со другите. Прифатете ги вашите недостатоци. Надградете се за успехот. Немојте да бидете премногу строги кога ќе направите грешка. Препознајте ја вашата вредност за да ја препознаат и другите.rn

9. Бидете потолерантни со саканите

rnВистина е дека луѓето кои ви се блиски полесно и почесто ве прават гневни. Да познавате некого значи да ја знаете неговата најдобра, но и најлоша страна. Постојат дури пријатели и роднини кои постојано ги нагласуваат вашите слабости и ви предизвикуваат стрес. За да останете добра личност, потребно е да покажете дополнително трпение околу нив и да научите како да не им дозволите на нивните зборови да влијаат на вас.rn

10. Кажете „Те молам“ и „Благодарам“

rnОвие магични зборови што сте ги научиле уште како мали би требало да ги користите целиот ваш живот на правилен начин и во правилно време. Добрината и манирите одат заедно, па користењето на овие зборови е одлично за вашиот имиџ.

rn

11. Паметно одбирајте ги вашите битки

rnЗа некои нешта вреди да се борите, но не мора да ја добиете секој битка. Понекогаш попаметно е да си заминете, особено кога не станува збор за нешто големо. Не само што ќе бидете поголемата личност, туку нема да ја трошите вашата енергија на лоши мисли и постапки.rn

12. Почитувајте ги туѓите верувања

rnЛуѓето имаат разни верувања во зависност од нивната социјална и културна позадина. Но, едно нешто е сигурно – никој не сака да му судат поради неговите верувања. Наместо да им судите, обидете се да ги разберете верувањата на другите. Можеби нема да се согласите со нив, но барем ќе знаете доволно за да го почитувате туѓото верување.rn

13. Бидете добри и кон оние коишто не се добри кон вас

rnЛесно е да бидете добри со оние коишто се добри кон вас. Но, кога ќе се соочите со потешка личност можеби ќе ви биде потребен потсетник. Дајте го најдоброто од себе за да бидете добри и кон овие луѓе, дури и ако не го добиете истото за возврат.rn

14. Слушајте

rnМоже да станува збор за едноставна порака, нудење помош, слушање… Без разлика на кој начин ќе помогнете, важна е идејата зад овие постапки. Кога сте со некој кога тој има потреба од тоа, вие му покажувате дека се грижите.rn

15. Искажете ја добрината

rnНема подобар начин да бидете добри од тоа да докажете дека навистина го мислите тоа. Не мора да станува збор за некој голем гест што ќе го забележат сите. Делење оброк, испраќање картичка или давање комплимент ќе ја покажат вашата добрина кон другите.

Погледнете ги и фазите низ кои треба да поминете за да станете подобра личност.

Популарно

Може ќе ве интересира