rn
8. Не го привлекувате она што го сакате во животот, туку она што сте
rn
„Ако сте опседнати со тоа да го поразите другиот и да победите по секоја цена, тогаш загарантирано е дека ќе привлечете вибрации што се еквивалентни на таквиот начин на размислување, без разлика дали вежбате јога и секој ден изговарате позитивни мантри.“
rnЛуѓето честопати мислат дека ако се фокусираат на она што го сакаат, законот на привлечност ќе им го даде она што посакале, но работите не функционираат така. Доколку го прочистите вашиот ум и срце, ќе привлечете многу прекрасни работи во вашиот живот и нема вие да барате успех, туку успехот ќе ве бара вас. Но, ако вашиот ум и срце се полни со негативност, во вашиот живот ќе се појавуваат негативни работи во сите можни форми.rn
9. Не постојат граници за она што можете да го постигнете – вие сте неограничено битие
rn
„Кога ги аргументирате вашите ограничувања, сѐ што добивате се вашите ограничувања.“
rnОна што можете да го постигнете не познава граници. Вие самите си наметнувате непостоечки граници.rn
10. Рајот на земјата е избор што мора самите да го направите, а не место што мора да го пронајдете
rn
„Луѓето кои љубат живеат во свет полн со љубов. Луѓето кои се непријателски настроени живеат во непријателски свет. Станува збор за едниот ист свет.“
rnАко се концентрирате на лошите работи, тоа е сѐ што ќе видите и привлечете во вашиот живот. Ако се фокусирате на добрите работи, тоа е сѐ што ќе видите и привлечете во животот.rnrn
rn
11. Нема потреба да се нервирате за сѐ и сешто
rn
„Добро утро, овде е универзумот. Јас ќе се фокусирам на твоите проблеми денес. Не ми треба твојата помош и затоа ти посакувам волшебен ден.“
rnВерувале или не, постои невидлива сила која го креира целиот свет и таа сила може да ни биде достапна во моментот кога ќе престанеме да се обидуваме сѐ да направиме сами и во моментот кога ќе одлучиме да им дозволиме на нештата да тргнат по нивниот природен пат и да се препуштиме на текот на работите.rn
12. Сѐ што ви треба, се крие во вас самите
rn
„Имате сѐ што ви треба за да почувствувате целосен мир и среќа токму во овој момент.“
rnВо овој момент, сега и тука, вие имате сѐ. Ништо не ви недостасува. Одвојте барем по 5 минути дневно да поминете во мир и тишина и со текот на времето ќе сфатите дека можете да најдете среќа, мир и успех во секој момент од вашиот живот.rn
13. Вашиот личен развој нема крај
rn
„Поединците кои се етикетираат самите себе велат: ’Јас сум готов производ во овој свет и никогаш нема да бидам поинаков’. Ако сте готов производ, спакуван и тргнат настрана, тогаш вие сте престанале да растете.“
rnЛичниот развој не завршува со крајот на образованието. Ако престанете да се развивате, тоа е исто како да престанете да живеете.rn
14. Бидете реални, но очекувајте чуда
rn
„Кога ќе почнете да верувате во себе и ќе ја гледате вашата душа како божествена и благородна, автоматски ќе се претворите во битие кое прави чуда.“
rnВо универзумот постои една голема сила која ќе ви биде достапна во моментот кога ќе почнете да живеете во согласност со она што сте длабоко во себе, правејќи чуда за вас и за луѓето кои ги сакате.rn
15. Следете го вашето срце и ќе бидете успешни
rn
„Успехот во животот се темели на работите што ги сакате.“
rnСтанува збор за вистина која само неколкумина ја живеат и истражуваат. Кога ќе ја откриете смислата на вашиот живот, кога ќе се обидете да го дадете најдоброто од себе на овој свет, успехот нема да изостане, а вие ќе ја пронајдете среќата која никогаш не сте помислиле дека би можело да биде ваша.rnrnЗа да го извлечете максимумот од себе, прочитајте ги овие 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн.rnrn
