15 лекции кои секоја девојка треба да ги научи по потешкиот пат

Сподели

Некогаш, потешкиот начин да се научат некои работи е најдобриот начин. Се верува дека со годините доаѓа и мудроста, па затоа ви откриваме 15 животни лекции кои девојките треба да ги научат по потешкиот пат, затоа што само така, преку личните грешки, човек може да се здобие со трајни знаења.

Реклама

rn

1. Убавината е во очите на набљудувачот

rnВашата убавина не се намалува доколку некој не ја истакне, не ја забележи или дури и ако ја негира. Самата помисла дека некој друг може да донесе суд за тоа дали сте вие привлечни и убави и да ве убеди во тоа, говори дека сте премногу несигурна личност. Привлечноста е релативна работа. Таа зависи од секој човек поединечно. Затоа прифатете ја вистината дека некои луѓе ќе ве прифатат такви какви што сте, додека други нема да ве прифатат, воопшто.rn

Реклама

2. Вие сте моќни

rnИако ви се чини дека животот ве става пред големи искушенија и понекогаш сте си помислиле дека нема да преживеете одредена ситуација, на крајот сте ги пребродиле сите тешки моменти. Во вас има голема сила и можете да ги надминете сите предизвици, само треба да верувате во својата сила и моќ.rn

3. Имате апсолутна контрола

rnСтавете ги под контрола само оние работи кои можете да ги толерирате. Кога нештата ќе почнат да ја преминуваат вашата граница, едноставно повлечете се. Нема потреба да губите сила и енергија на работи кои и онака не можете да ги толерирате и кои само ве измачуваат. Можеби звучи тешко остварливо, но кога ќе го направите првиот чекор, ќе видите дека тоа е вистинскиот избор.rn

4. Пријателството е многу повеќе од допишување и пиење кафе

rnМорате да создадете круг на пријатели на кои можете да се потпрете во секое време и со кои можете да направите муабет и на некои потешки и подлабоки теми. Пријателствата не се само за забава, туку пријателите треба да се до нас и во тешките моменти.rn

Реклама

5. Вашиот живот е ваша работа

rnДоколку ви е убаво и уживате во сопствениот живот и одлуките кои ги донесувате, што е важно што мислат другите?rn

6. Луѓето на кои им значите ќе појдат со вас и на крајот од светот

rnМожеби досега сте се нашле во ситуација да имате десетици пријатели, но кога ви се најпотребни да ги нема никаде. Животот не е секогаш бајка, затоа е добро да имате барем еден пријател кој би отишол и на крајот од светот со вас и кој би ги направил и најневеројатните работи, само да ви ја врати насмевката на лицето.rn

7. Квалитетот на живот не се мери според бројот на лајкови

rnВиртуелниот и реалниот свет почнаа толку многу да се преплетуваат, поради што голем број луѓе буквално живеат паралелни животи. Сепак, бројот на лајкови што сте го добиле на некоја фотографија објавена на социјалните мрежи не го определува квалитетот и успехот на вашиот живот. Животот е многу повеќе од фотографирање. Не ги пропуштајте убавите моменти од животот гледајќи во своите телефони.rn

8. Еден неуспех не ве прави губитник

rnАко навистина сакате да бидете губитник само откажете се или воопшто не се ни трудете. Сето останато е успех, без оглед на крајните резултати. Секој обид да се направи и постигне одредена цел е доказ дека вие сте успешни.rn

9. Можете со месеци и години да планирате и на крајот ништо од тоа

rnМногу луѓе го минуваат животот во планирање, но поентата е во дејствувањето. Без преземање конкретни чекори, плановите ќе останат само зборови запишани на парче хартија.rn

10. Доколку не се труди околу вас, не ве заслужува

rnДоколку партнерот, сета своја енергија ја канализира кон себе и своите приоритети, ако му обрнувате преголемо внимание, а тој воопшто не возвраќа, тоа треба да ви каже нешто.rn

11. Не плашете се да ја покажете својата страст или амбиции кон нешто

rnИ, никогаш, ама баш никогаш, не им се извинувајте на другите затоа што сте успешни! Секој кој истакнува дека вие сте неуспешна личност, всушност не ве заслужува во својот живот.rn

12. Постои голема разлика меѓу физичката привлечност и убавината

rnПрвата се однесува на физичкиот изглед, а втората на внатрешната убавина.rn

13. Не морате секогаш да бидете тука за сите

rnНе обидувајте се да ги исполните сите очекувања на луѓето околу вас. Почесто користете го зборчето „не“ и ќе забележите колку повеќе време ќе имате за себе.rn

14. Дури и кога не знаете на каде одите само погрижете се дека не одите наназад

rnЛуѓето кои се плашат да тргнат напред, најчесто се враќаат назад, во удобната зона, онаму каде што средината им е позната. Тоа се случува на сите нивоа и во сите сфери од животот. Но, не заборавајте дека секоја промена е вредна за ризикот.rn

15. Поентата на победата не е да поразите некој

rnКако што ниту личниот успех не е работа за натпреварување со некој друг. Поентата е да живеете живот каков што сакате, со изградена самопочит, којашто ќе ви покаже колку сте напредувале во животот.

Најново

Може ќе ве интересира