Никој не сака да заврши со скршено срце. Но, ако ја погледнеме големата слика, овие моменти се лекции, како и можности за зајакнување на духот. Иако можеби има и некои предности, скршеното срце има и физички последици. Кога ќе дознаете кои се, ќе можете подобро да се разберете и вие, и луѓето околу вас кои се во иста ситуација.rnrn
rn
1. Физичка болка
rnНекои од најчестите болки кои се чувствуваат се главоболка, болка во стомакот или буквално болка во срцето. Менталниот и емоционалниот стрес се манифестираат преку овие физички болки.rn
2. Нивото на стрес се зголемува
rnСтресот не е добар за нашето тело. Иако понекогаш тој нè тера да направиме некоја промена, премногу стрес има негативни последици на здравјето. Најдобро е во овие моменти да се релаксирате и да одвоите повеќе време за вас.rn
3. Промена во апетитот
rnМногу луѓе целосно забораваат на своите потреби, па може и воопшто да не јадат. Поради ова слабеат. Други пак се справуваат со скршеното срце со храната која им дава некаква утеха, па поради ова може да се здебелат.rn
4. Чувство на голема тага
rnНормално е да бидете тажни, но ако не можете да излезете од таа состојба, вашата тага може да се претвори и во депресија. Ако почувствувате дека сте психолошки нестабилни, разговарајте со некој и побарајте помош.rn
5. Намалена концентрација
rnБидејќи вашиот ум е оптоварен со многуте емоции кои доаѓаат со скршеното срце, може да забележите намалување на концентрацијата. Ова резултира со многу грешки на работното место но и во други задачи кои претходно сте ги извршувале одлично. Затоа после ваква епизода, најдобро е да одморите од вашата секојдневна рутина.rn
6. Забавување на срцето
rnНормално е оваа состојба да има влијание на вашето физичко срце. Но, ако забележите големи промени, консултирајте се со вашиот лекар. Може да бидете „погодени“ од синдромот на скршено срце кој се појавува во вакви ситуации.rn
7. Проблеми со спиењето
rnЌе имате проблеми со спиењето бидејќи навечер постојано ќе мислите на личноста која ве повредила. Без разлика колку се обидувате, сонот никако не може да дојде. Обидете се да слушате тивка музика која ќе ве опушти.rn
8. Зголемена чувствителност
rnКога сте во болна ситуација, вие станувате ранливи. Дури и најмалите забелешки може да ве повредат повеќе отколку што треба. Ако можете, избегнувајте ги негативните луѓе и ситуации. Во овие моменти не ви е потребна дополнителна негативна енергија.rn
9. Ќе сакате да бидете сами
rnКога сте повредени, нормално е да имате потреба да бидете сами. Самотијата може да ви помогне полесно да ја надминете болката. И се разбира, не сакате другите да ве гледаат во оваа ранлива состојба.rn
10. Синдром на повлекување
rnОвие симптоми се нормални после скршено срце. Вие сте биле навикнати на некој што одеднаш исчезнува од вашиот живот. Оваа разделба е вистински шок за вас. Исто така, рутината која сте ја имале со оваа личност исчезнува и целиот ваш живот ќе се промени.rn
11. Нередовни менструални циклуси
rnНаучниците истражувања покажале дека стресот може да води до одложени или нередовни менструални циклуси. Скршеното срце не само што ги повредува чувствата на жената, туку има влијание и на нејзината женственост.rn
12. Намален имунитет
rnБидејќи стресот го ослабува телото, со него ослабува и вашиот имунитет. Ова ви го зголемува ризикот од разни болести и инфекции. Обидете се да не дозволите вашето скршено срце да ве доведе до овде.rn
13. Паѓање на косата
rnПаѓањето на косата е неизбежен ефект од стресот. Обидете се да се опуштите и да правите работи кои ви причинуваат задоволство за да не му дозволите на стресот да ве обземе.rn
14. Болни менструални циклуси
rnСтресот може да предизвика болки кај жените за време на нивниот циклус. Обидете се да правите некои вежби кои ќе го намалат интензитетот на болките. Или пак, разговарајте со вашиот лекар за некои лекови кои ќе ви помогнат.rn
15. Сомневање во себе
rnКога ви е скршено срцето, нормално е да се сомневате во себе и да се прашувате за вашата вредност. Ова се случува бидејќи скршеното срце ја разнишува вашата самодоверба. Во ред е да се чувствувате вака, но немојте да заглавите во оваа состојба.rn
Заклучок
rnСкршеното срце не мора да биде од романтичен партнер кој ве повредил. Тоа може да биде резултат на семеен конфликт, проблеми кај пријателството или губење на довербата во некого. Каква и да е ситуацијата, запомнете дека е во ред да се чувствувате вака, но не дозволувајте тоа да трае предолго. Она што е важно е лекцијата која сте ја научиле и силата која сте ја стекнале од ова искуство.rnrnПогледнете и зошто скршеното срце може да биде добро за љубовта.