КАФЕ ПАУЗА

14 тајни за совршен изглед во секое парче облека

Сите сакаме да изгледаме најдобро што може, а притоа и да се чувствуваме најубаво. Но некогаш ќе најдеме пар фармерки, блуза, фустан или што било друго и едноставно ќе се заљубиме во тоа парче, иако длабоко во себе со тешко срце си признаваме дека не е за нас. Тоа не значи дека ако е модерно и изгледа привлечно дека веднаш треба да го купиме. Напротив, треба точно да се знае што одговара на телото, што точно да се покрие, а што да се нагласи. Тоа не се некои големи тајни, но тие сигурно ќе ви го олеснат животот, а и плакарот.rnrn0-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mkrn

1. Тесна блуза или јакна

rnРабот на тесниот ракав на блузата или јакната треба да паѓа вертикално, од врвот на рамото до мишката, за да се задржи линијата на телото, и да не биде премногу широк, бидејќи така се создава илузија на неколку килограми повеќе. Должината на блузата секогаш треба да биде до средината на колковите.rn

2. Блуза со долги ракави

rnКога станува збор за долгиот ракав на блузата, тој треба да завршува малку после зглобот. Но, ова правило не важи за блејзерот. Неговите ракави може да бидат свиткани, на 3/4 или во кој било друг стил кој ви се допаѓа.rn

3. Фустан со ракави

rnСлично како кај блузите, ако почетокот на ракавот не започнува точно на рамениците тогаш тој фустан нема добро да „паѓа“ на вашето тело. Без разлика колку е убав фустанот, помирете се дека тој не е за вас и продолжете со потрагата.rn

4. Залепен фустан

rnПристојната должина на ова провокативно парче е околу 12 см над коленото. Сепак, не би сакале да бидете вулгарни, зар не?rnrn1-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mkrn

5. Краток комбинезон

rnДолжината на горниот дел од краткиот комбинезон би требало да е блиска до должината на вашето торзо за да не се собира во пределот помеѓу бутините и да ги наѕира вашите „женски делови“. Иако ова е тежок тренд за носење, сепак не треба прерано да се откажувате. Особено не во жешките месеци кои следат.rn

6. Класични пантолони

rnВо зависност од типот на пантолони, оние со тесен крој треба да завршуваат на почетокот од горниот дел на стапалото, а широките точно над потпетицата. Значи, кога купувате пантолони земете пар штикли со вас.rn

7. Бојфренд фармерки

rnКлучното кај овој модерен модел фармерки е точната должина и ширина на ногавиците. Тие треба да бидат тесни кај задникот, полека да се шират во пределот на бутовите па сѐ до листовите и треба да дојдат малку (6 см) над зглобот на ногата.rn

8. Фармерки

rnСите знаеме дека фармерките изгледаат одлично на секоја фигура. Носете такви точно ќе ви лежат на колковите за да не излегуваат делови од вашиот стомак од страните.rn2-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mkrn

9. Јога пантолони

rnТреба да бидат со висок струк за да го скријат стомачето и го приберат добро задникот.rn

10. Здолниште

rnЗдолништето со среден струк е парче кое им стои на сите видови тела. Неговата должина треба да биде до онаму каде што ногата природно се стеснува, т.е. до колената или глуждовите.rn

11. Здолниште со набори

rnГо обожавате ваквиот тип сукњи? Најдете модел кој е долг до или под колената. И онака сѐ што е пократко од тоа не е соодветно за на работното место.rnrn3-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mkrn

12. Туника

rnНикако немојте да ги помешате термините „туника“ и „минич“. Туниката завршува на почетокот од вашите бутини за да ги скрие само препоните, така што кој било вид пантолони или здолниште се апсолутно задолжителни за да ги покриете останатите делови.rn

13. Хеланки

rnХеланките мора да завршуваат точно кај глуждовите и да не се набираат за да се задржи линијата на телото.rn

14. Кардиган

rnБез разлика на неговата должина, материјалот мора да биде доволно тенок за да не изгледате како да сте го позајмиле од баба ви.