КАФЕ ПАУЗА

14 сурови вистини што ни откриваат зошто не треба да веруваме во љубов на прв поглед

14 сурови вистини што ни откриваат зошто не треба да веруваме во љубов на прв поглед

Ромео и Јулија се вљубија веднаш штом првпат се видоа. Дури и безвременскиот романтичен филм „Титаник“ ја покажува магијата на љубовта на прв поглед. Но, вистината е дека љубовта на прв поглед не е нешто посебно. Науката го објаснува тоа и ако верувате во љубов на прв поглед тоа може да има негативно влијание.rnrn14 сурови вистини што ни откриваат зошто не треба да веруваме во љубов на прв погледrnrnЗошто не треба на верувате во љубов на прв поглед?rn

1. Љубовта на прв поглед е всушност заснована врз вашата лична пристрасност

rnСите поседуваат несвесна пристрасност и да се суди за некој кој штотуку сте го запознале е дело на таа пристрасност. Ова е причината зошто најверојатно ќе се вљубите на прв поглед во некој што изгледа како вашиот стереотип за совршен партнер.rn

2. Вашите хормони го будат вашиот инстинкт за размножување

rnКога некој ве привлекува, вашите хормони, како тестостеронот и естрогенот, почнуваат да работат и ве тераат да бидете интимни. Во суштина, ова е начин на природата да се осигура дека човечкиот род нема да исчезне. Значи, моменталната заљубеност е само вашиот основен инстинкт за размножување.rn

3. Вашиот мозок ослободува хормон што ве тера да сакате повеќе

rnОткако сте поминале интимно време со вашиот партнер, вашиот мозок ослободува допамин. Тоа е хормон кој ве тера да мислите дека вашето искуство било неверојатно и ве тера да сакате уште повеќе. Секако, вие мислите дека ова се случува само затоа што сте заљубени.rn

4. Постои уште еден хормон што предизвикува да бидете со некој што мислите дека е посебен

rnКога чувството е возвратено од некој што го посакувате, се активира серотонинот. Овој хормон прави да се чувствувате толку добро и среќно што веќе не можете да си помогнете и сте опседнати со партнерот. Бидејќи ви е тешко да размислувате за што било друго, мислите дека сте заљубени.rn

5. Хемиската реакција во вашето тело ве тера да го гледате светот преку розови очила

rnПознат како „љубовен лек“, фенилетиламинот ве тера да ја гледате личноста како подобра отколку што навистина е. Тоа ве заслепува и предизвикува да ја доживувате таа личност како совршена.rn

6. Барате награда

rnЧувството како да летате во облаци што ви го предизвикува заљубеноста на прв поглед е како еден вид награда. Луѓето бараат награди затоа што тие ги прават да се чувствуваат добро. Како резултат на тоа, сметате дека ви се случуваат добри работи затоа што сте со некој што ве привлекува.rn

7. Постои хормон што ве тера да се чувствувате повеќе приврзани

rnХормонот на гушкањето, окситоцинот, се ослободува откако ќе спиете заедно со некого. Колку повеќе споделувате интимни моменти заедно, толку е поголема вашата поврзаност со таа личност.rn

8. Љубовта не настанува само поради физичкиот изглед

rn„На прв поглед“ значи 100% засновано врз тоа што го гледаат очите. Но, тука не игра улога само сетилото за вид. Нечиј говор на телото, мирисот, гласот и акцентот, исто така, влијаат врз првиот впечаток што некој ќе го остави кај вас.rn

9. Кога се вљубувате, вашето тело ослободува сложен коктел хормони

rnНа комплицираниот циклус на љубовта му е потребно време за да се развие. Малку е веројатно дека ќе го почувствувате целиот спектар хормони уште првиот пат. Но, луѓето во долготрајни врски може да мислат дека биле заљубени уште од првиот момент благодарение на нивната меморија. Тие само мислат дека се заљубиле веднаш, а тоа е заради начинот на кој се приврзани еден со друг по подолг период.rn

10. Љубовта на прв поглед е само страст

rnАко сакате да бидете со некого едноставно затоа што го сакате тоа што го гледате, тоа е веројатно само страст. Во тој случај, страста е силна желба што ја чувствувате за некого поради физичкиот изглед. Не е важно дали се чувствувате длабоко приврзани со нив.rn

11. Љубовта на прв поглед полесно се случува со убави луѓе

rnЕдно истражување за љубовта на прв поглед покажува дека луѓето што се наоѓаат повисоко на скалата за привлечност имаат 9 пати поголема веројатност да ги натераат другите да се чувствуваат како да се заљубени во нив само врз основа на она што го гледаат.rn

12. Љубовта на прв поглед не е возвратена

rnИстото истражување покажува дека љубовта на прв поглед обично е еднострана, засновано врз извештаи од учесниците. Според тоа, може да се каже дека возвратената моментална заљубеност не е многу честа појава. Тоа може да доведе до скршено срце бидејќи некој што ве привлекува, можеби не е заинтересиран за вас.rn

13. Заљубувањето во личност на прв поглед е слично како заљубување во предмет

rnВелејќи дека сте заљубени веднаш штом ќе погледнете некој е приближно исто како да се заљубувате во убава облека, во накит, во автомобили или во други материјални предмети што ги гледате првпат. Споредувањето на таков начин е понижувачко, а љубовта не треба да биде таква.rn

14. Менструалниот циклус може да влијае на тоа кој ве привлекува на прв поглед

rnНеколку истражувања докажаа дека жените во плодната фаза на менструалниот циклус претпочитаат мажи со карактеристични машки црти повеќе отколку кога не се во оваа фаза. Љубовта на прв поглед може да зависи од тоа во кој период од вашиот менструален циклус се наоѓате.rnrnАко се прашувате на што точно мислат луѓето кога ќе речат дека се вљубиле на прв поглед, проверете ги овие 8 значи кои укажуваат на тоа.