Можеби сметате дека негативните мисли се дел од животот, но не треба да им дозволувате да владеат со вас. Многу луѓе повеќе време минуваат размислувајќи негативно за себе и за ситуациите, па од голема важност е да научите да се ослободите од оваа навика.rnrn
rnrnКога размислувате негативно, на некој начин се подготвувате за неуспех. Иако понекогаш воопшто не е лесно да размислувате позитивно, следниве едноставни совети ќе ви помогнат да се ослободите од лошите мисли и ќе направат голема разлика во вашиот живот.rn
1. Бидете подобри кон себе
rnПремногу често луѓето забораваат како е да бидат добри кон себе, исто како што се добри и кон другите. Не му дозволувајте на вашиот ум да биде престрог кон вас. Ако не сте злобни кон некој друг поради нешто, зошто да бидете злобни кон себе?rn
2. Најдете го изворот на негативните мисли
rnИдентификувајте ја главната причина за вашите негативни мисли. Не им дозволувајте да доаѓаат од место од каде што не треба да доаѓаат. Ако на пример некој влијае на начинот на којшто размислувате, погледнете ја ситуацијата од друга перспектива.rn
3. Разговарајте со саканите
rnНе сте сами. Кога сте навистина разочарани, разговорот со сакана личност ќе ви биде од голема помош. Оние кои ве сакаат ќе ви дадат совет и ќе ви помогнат да ги надминете тешките периоди.rn
4. Отстранете ги луѓето кои постојано ви го расипуваат расположението
rnНе им дозволувајте на луѓето кои ви штетат да бидат дел од вашиот живот. Не треба да се опкружувате со луѓе кои само сакаат да го гледаат вашиот неуспех. Ако некој ви кажува дека сте безвредни или дека не сте доволно добри, не заслужува да биде покрај вас.rn
5. Најдете креативен начин за искажување на болката
rnПонекогаш и најобичното хоби може да ви помогне навистина многу. Најдете нешто што сакате да го правите и искористете го за да ги искажете вашите чувства.rn
6. Дајте си одмор доколку сметате дека е неопходно
rnПрестанете да претерувате со работење. Доколку ви е потребен одмор, не плашете се да го земете. Не можете да направите ништо ако сте со лошо здравје и ако се разочарувате од сè. Грижата за себе е многу поважна отколку што мислите.rn
7. Слушајте музика што ви го подобрува расположението
rnМузиката има навистина големо влијание во нашите животи. Слушајте песни што ви го подобруваат расположението, а избегнувајте ги оние што ве потсетуваат на лоши моменти.rn
8. Зборувајте позитивно со себе секогаш кога можете
rnКога ќе сфатите дека размислувате или кажувате негативни нешта за себе, веднаш престанете со тоа. Заменете ги негативните зборови со позитивни. Со текот на времето вашиот начин на размислување ќе се промени.rn
9. Променете го говорот на телото
rnДобро набљудувајте го начинот на кој вашето тело „зборува“ со вас. Дали сте постојано подгрбавени? Во тој случај исправете се и насмевнете се. Со текот на времето оваа навика навистина ќе го промени начинот на којшто функционира вашиот ум.rn
10. Запишете ги негативните мисли и искинете го листот
rnОдвојте време и запишете ги сите негативни мисли што ви доаѓаат. Потоа само искинете го листот и фрлете го. Вие го давате најдоброто од себе, а на крајот од денот тоа е најважното нешто.rn
11. Пробајте да медитирате
rnБез разлика дали мислите дека медитацијата е смешна или не, дајте ѝ шанса. Секој ден одвојте по неколку минути и седете во тишина. Дозволете му на умот вистински да одлета. Медитацијата е една од најмоќните алатки за справување со негативните мисли.rn
12. Водете грижа за вашето тело
rnПрестанете да јадете брза храна и почнете со вежбање. Колку повеќе се грижите за вашето тело, толку подобро ќе се чувствувате.rn
13. Престанете да одбивате да бидете тука за себе
rnКога нешто ви смета, веднаш кажете го тоа и не им дозволувајте на другите да ве газат. Вие сте своја личност и најважната личност во вашиот живот.rn
14. Научете да кажувате „Не“
rnПрестанете да бидете достапни за луѓе кои не се тука за вас. Откријте ги вашите граници и немојте да ги преминувате. Кога нешто не ви се допаѓа, слободно одбијте го.rnrnПрочитајте и за верувањата кои ќе го ослободат вашиот ум од сите негативни мисли.
