КАФЕ ПАУЗА

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Written by

in

,

Експертите велат дека кога станува збор за работа, младите луѓе, поточно генерациите родени во осумдесеттите години од минатиот век, ги красат особини како нестрпливост, недостаток на лојалност или едноставно не се грижат за барањата кои се наведени во описот на работното место. Затоа работодавачите нудат различни видови дополнителни придобивки за да го привлечат вниманието на младите таленти, со цел да ги задржат подолго од 5 секунди покрај нивните бироа. Меѓу другото, ова често вклучува и платени патувања или одмори.rnrn14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светотrnrnНо, зошто да се задоволите со една или две недели одмор, кога патувањето низ светот всушност може да биде вашата кариера? Во продолжение ви нудиме листа од кариери со пристојна плата, каде што патувањето е дел од описот на работното место.rn

1. Дипломат

rn14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светотrnrnИако можеби дипломат ви звучи како работа за средовечни политичари, сепак не е баш така. Денес во дипломатијата често може да се сретнат амбициозни млади луѓе, кои го усовршуваат занаетот во различни земји низ светот и достојно ја претставуваат својата земја.rn

2. Професор по англиски јазик

rn14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светотrnrnВо земјите ширум светот, вклучувајќи ја и нашата држава, децата учат англиски како втор јазик од најрана возраст. Познавањето на англискиот јазик практично ви овозможува да работите каде било во светот. Платите се пристојни, дополнително се платени и летовите, како и сместувањето, а вие ќе имате можност да се запознавате со нови култури додека го правите она што го знаете најдобро – да зборувате англиски.rn

3. Дел од екипажот на брод за крстарење

rn14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светотrnrnЛуксузните бродски прекуокеански линии постојано бараат луѓе за секаков вид работни места, без или со мало претходно искуство. Овие бродови имаат потреба од готвачи, чистачи, медицински сестри, музичари, фитнес инструктори и козметичари. Ако го добиете работното место, тогаш всушност ќе ви плаќаат да крстосувате низ светот.rn

4. Амтрак писател

rn14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светотrnrnСакате да пишувате и да патувате? Програмата за писатели на американската железничка компанија Амтрак значи дека ќе ви биде платено конечно да напишете роман, додека живеете во возови кои патуваат низ земјата. Според Амтрак, оваа програма е направена за да им овозможи на креативните професионалци, кои се страсно вљубени во патувањето со воз и пишувањето да работат на нивните дела во инспиративна средина. На кандидатите им е обезбедена приватна кабина за спиење, опремена со биро, кревет и прозорец низ кој ќе можат да ги набљудуваат неверојатните пејзажи.rn

5. Работник во железница

rn14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светотrnrnАко не сакате да пишувате, но обожавате да сте во воз, тогаш едноставно можете да станете дел од екипажот. Просечната плата во американските железници, вклучувајќи ги дополнителните надоместоци, достигнува и до 108 илјади долари годишно, а најчесто вклучува и патувања.rn

6. Работа во национален парк

rn14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светотrnrnРаботата како ренџер во национален парк можеби изгледа напорна и тешка, но од друга страна ви овозможува секој ден да се будите во најубавите места ширум светот, а притоа да ви плаќаат за тоа.rn

7. Туристички водич во меѓународни автобуски линии

rn14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светотrnrnДали сакате патувања со автобус? Ако одговорот е да, тогаш идеалната работа за вас е туристички водич во меѓународни автобуски линии. Туристичката агенција ќе ве обучи како да им овозможите незаборавни доживувања на клиентите и тоа на вашите омилени патувачки дестинации. Некои туристички водичи живеат и работаат надвор од својот дом и по 18 месеци.rnrn