Ако имате брат сигурно сте биле иритирани, сте биле ривали, сте слушале глупости, а понекогаш дури и ви се гадело од него. Но тоа што можеби не сте го забележале е дека постојат многу интересни, но и корисни работи кои ќе ви го направат животот подобар доколку имате брат. Погледнете некои од нив.rnrn
rn
1. Ќе научите да правите компромиси
rnТоа што имате брат ќе ве присили да научите да барате компромис за сè. Без разлика дали станува збор за играчки, за тоа кој ќе го вози автомобилот, или пак дали мора да носи одело на вашата свадба, компромисот е вештина што ќе ја научите од мали.rn
2. Ќе научите многу за пријателството
rnМожеби не ви изгледало така додека сте биле мали, но многу често вашиот брат ви е најдобриот пријател. Сигурно сте имале и лоши моменти, но тој секогаш е овде за вас.rn
3. Ќе научите како да бидете потрпеливи
rnБраќата знаат да бидат здодевни. Вие имате можност секојдневно да го тестирате вашето трпение кога имате брат.rn
4. Ќе имате партнер во зло
rnСигурно сте имале пријатели кои ве внесувале и ве ваделе од неволји, но вашиот брат ви е првиот партнер во зло. Знаете како да се прикривате еден со друг, како да внимавате еден на друг и како секогаш да ја делите вината кога ќе ве фатат на дело.rn
5. Ќе ве насмее
rnПонекогаш намерно, но најчесто случајно. Браќата секогаш прават интересни работи, а ваша должност е да се смеете на нивните шеги.rn
6. Ќе ве заштитува
rnБраќата секогаш се заштитнички настроени. Многу често таа заштита ве радува, но можеби не секогаш.rn
7. Ќе ве спаси кога најмалку очекувате
rnБраќата се одлични кога станува збор за спасување од непријатна ситуација. Само што ќе им признаете на родителите дека сте направиле грешка, тој истапува напред со уште полоша грешка, на тој начин привлекувајќи го вниманието кон него.rn
8. Никогаш нема да бидете осамени
rnДолги патувања, здодевни семејни одмори, посети кај роднините кои не ги сакате… Овие настани се навистина страшни за децата единци. Па иако можеби со брат ви ќе пеете или ќе се карате, барем имате друштво во овие ситуации.rn
9. Кога барате помош, мора да ви помогне
rnПријателите можеби ќе бидат зафатени да ви помогнат во нешто, но вашиот брат има должност секогаш да биде овде.rn
10. Тој е (брутално) искрен
rnСекогаш можете да сметате на искреното мислење на вашиот брат. Имате доволно заедничка историја, па може слободно да ви каже што мисли за вашата фризура или новиот дечко без да се труди да не ве повреди.rn
11. Ќе споделувате проблеми
rnСекој од нас има проблеми кои се поврзани со семејството, но важно е да знаете дека и вашиот брат ги има истите. Тој ќе ве сфати и ќе ви помогне да ги надминете проблемите кои сте ги имале и двајцата.rn
12. Ќе делите одговорности
rnЕден ден ќе бидете возрасни и ќе треба да се грижите за вашите родители. Вие и вашиот брат можете да ја поделите оваа одговорност и емоциите кои доаѓаат со таа фаза од животот.rn
13. Секогаш ќе имате некој со кој можете да бидете носталгични
rnКако што старееме убаво е да поминуваме време со луѓе кои нè познавале кога сме биле млади. Вашиот брат е оној кој ве познава целиот живот и тој е најдобрата личност со која можете да се потсетувате на спомените.rn
14. Тој секогаш ќе ве сака
rnДури и ако ретко, или никогаш не ви кажува, тој ве сака. Некои браќа се приврзани, но повеќето не ги искажуваат емоциите. Треба да знаете дека љубовта на братот е длабока и без разлика колку го нервирате, тој сепак многу ве сака.rnrnПогледнете ги и работите кои ги разбираат само девојките со помал брат.