rn
8. Движете се бавно
rn
rnrnНема потреба од брзање, дури и ако нештата одат одлично. Нема потреба веднаш да станете пријатели и да споделувате многу лични информации ако не сте подготвени за тоа. Исто така внимавајте, ако личноста прерано ви изјави љубов, можно е да станува збор за измамник.rn
9. Внимавајте кога станува збор за „валкани“ пораки
rn
rnrnНема ништо лошо во сексуалните пораки, но кога станува збор за странец од Интернет добро размислете какви пораки и фотографии споделувате. Сè додека не му верувате целосно на некого, имајте на ум дека вашите пораки и фотографи можат да завршат на Интернет.rn
10. Нормалните онлајн правила важат и за онлајн состанувањето
rn
rnrnИсто како што не би отвориле имејл порака од непознат испраќач, немојте да ги отворате ни чудните пораки на веб-сајтовите за онлајн состанување.rn
11. Слушајте го вашиот инстинкт
rn
rnrnАко се чувствувате чудно или мислите дека нешто не е во ред, голема е веројатноста личноста да не е целоно искрена со вас. Без разлика дали сте се запознале сега или разговарате веќе неколку месеци, ако инстинктот ви вели дека нешто не е во ред, најдобро е да се држите понастрана.rn
12. Пријавете ги сомнителните и навредливите луѓе
rn
rnrnАко некој се однесува сомнително или ве навредува, слободно пријавете ја таа личност. Често овие веб-сајтови преземаат безбедносни мерки за вакви корисници. Ако некој ве вознемирува вам, голема е веројатноста да вознемирува и некој друг. Ако го пријавите ќе ѝ направите услуга на целата заедница.rn
13. Кажете им на пријателите
rn
rnrnИако можеби ќе се чувствувате нервозно да разговарате во врска со онлајн состанувањето, важно е да му кажете барем на еден пријател. Одберете го оној на којшто најмногу му верувате и кажете му кои апликации и веб-сајтови ги користите. На овој начин, доколку настане каков било проблем, ќе има кој да ви помогне.rn
14. Следете одредени правила ако се запознаете во живо
rn
rnrnАко сте се поврзале со некого и сте одлучиле да се сретнете во живо, важно е да следите неколку правила. Најпрво кажете му на пријател или на член од семејството каде ќе одите и кога. Кажете им го името на личноста со којашто ќе одите, како и други важни информации. Одберете време за да се слушнете со пријателот за да ве провери. Ако во кој било момент се почувствувате непријатно, станете и заминете си.rnrnПрочитајте ги и овие совети од луѓе кои ја пронашле својата љубов онлајн.
