Малкумина ризикуваат да носат разнобојна облека секој ден. Многу луѓе се навикнати да носат неутрални бои поради кодексот на облекување на работното место, додека други едноставно не знаат кои комбинации на бои изгледаат добро. Но, не е сè толку комплицирано како што изгледа. Единствено што треба да направите е да запомните неколку комбинации на бои кои изгледаат одлично на секаков вид облека.rn
1. Жолта и сина
rn
rnrnКомбинацијата на жолта и светлосина боја изгледа смело, но ако се обидете да комбинирате пастелни нијанси, ќе изгледа понежно. Исто така, темните нијанси на сина и жолта боја изгледаат многу добро.rn
2. Сина и црвена
rn
rnrnСветлоцрвената и светлосината боја прават совршена комбинација.rn
3. Сина и зелена
rn
rnrnТоплите нијанси на сината и на зелената боја или поладните нијанси на истите бои изгледаат многу добро заедно.rn
4. Жолта и виолетова
rn
rnrnМногу малку луѓе се осмелуваат да носат виолетова и жолта комбинација. Можеби затоа што овие бои секогаш привлекуваат внимание.rn
5. Пастелно сина или виолетова и нежна розова боја
rn
rnrnСо комбинација на нежни нијанси на розова, виолетова и сина боја, можете да постигнете ведар, женствен изглед.rn
6. Црвена и зелена
rn
rnrnКомбинацијата на овие две бои е многу впечатлива и се смета за една од најпознатите контрастни комбинации.rn
7. Зелена и виолетова
rn
rnrnВо комбинацијата на левата слика, боите се пригушени и потемни. На втората слика, боите се посветли и пастелни. Благодарение на нијансите кои се со слична температура, двете комбинации изгледаат убаво.rn
8. Портокалова и сина
rn
rnrnСино-портокаловата комбинација може да изгледа многу смело и симпатично, а тоа зависи од нијансите. Светлите бои изгледаат смело, а пастелните нијанси му даваат одредена нежност на изгледот.rn
9. Розова и зелена
rn
rnrnИсто како црвената, розовата боја може да се комбинира со светлозелена боја. Без разлика какви нијанси ќе изберете, комбинацијата секогаш ќе изгледа свежо.rn
10. Сина или темносина и виолетова
rn
rnrnСината и виолетовата добро се комбинираат една со друга сè додека користите бои со слична температура затоа што бојата влијае на перцепцијата на изгледот. Потоплите и полесни нијанси ја прават целата комбинација да биде посветла, додека поладните, пригушени бои го прават изгледот поограничен и деловен.rn
11. Жолта и зелена
rn
rnrnЖолтата и зелената боја се поврзани бои кои се наоѓаат близу една до друга во спектарот на боите и затоа тие толку добро се надополнуваат, без оглед на тоа какви нијанси ќе изберете.rn
12. Која било боја и нејзините различни нијанси
rn
rnrnСекоја боја може да се комбинира со сите свои различни нијанси. За да создадете монохроматска комбинација, изберете една боја како основа и потоа изберете потемни или посветли нијанси на истата боја. Изгледот ќе биде поинтересен ако носите парчиња облека од различни материјали како кожа, крзно, чипка итн.rn
13. Која било боја и една нејзина нијанса со принт
rn
rnrnКомбинацијата составена од парчиња облека во иста боја може да стане поинтересна со помош на некаков принт. Можете да ѝ додадете карирани детали на вашата монохроматска комбинација или да вметнете додатоци со животински принт. На овој начин, дури и најздодевната комбинација ќе изгледа поинаку.rnrnПогледнете каква облека треба да изберете според обликот на вашите нозе.
