Моделите со прекумерна тежина имаат позитивно влијание на нашето психичко здравје

Сподели

Сите знаеме дека појавата на различни облици на тело во медиумите е позитивна, но сега тоа е и научно докажано. Најновото истражување објавено од страна на државниот универзитет во Флорида со наслов „Дали прекумерната тежина е рамноправна? Позитивното влијание на просечните и моделите со прекумерна тежина на когнитивната алокација на ресурси кај жените, нивните споредби и задоволност од телото“ открило дека жените се позадоволни од сопственото тело и повеќе се сеќаваат на моделите со прекумерна тежина отколку на моделите кои се послаби.

Реклама

Истражувачите Расел Клејтон и Џесика Риџвеј надгледувале 49 студентки кои не биле задоволни од сопственото тело. Кога им биле покажани слики од модели со прекумерна, просечна и послаба тежина, нивната позитивна реакција била поголема на фотографиите од просечните модели, а најголема била кога ги виделе моделите со прекумерна тежина.rn

„Жените беа најзадоволни од сопственото тело кога ги видоа моделите со прекумерна тежина и тогаш најмалку се споредуваа себеси со нив. Но, задоволството од телото се намали и споредбите се зголемија кога ги видоа просечните и послабите модели“, објасниле истражувачите.

rnИстражувањето исто така нагласило дека постојаното изложување на модели со нереалистична тежина во јавноста има негативно влијание на психичкото и физичкото здравје на потрошувачите кои почнуваат да развиваат незадоволство од сопственото тело.

Реклама

Ако го земете предвид не само успехот на моделите како Ешли Греам и Прешс Ли во изминативе години, туку и растечкиот број на брендови кои почнаа да вклучуваат различни облици и големини на тела во нивните кампања, како и позитивните реакции што ги предизвикуваат овие реклами кај потрошувачите, податоците од ова истражување не се големо изненадување.

Сепак, сѐ уште постои недостаток на разновидност и не треба да се заборави на сомнителните мотиви на брендовите кои можеби само се обидуваат да извлечат корист од ова позитивно „модерно“ движење. И покрај тоа, најважната цел е постигната: Жените добиваат поголема самодоверба, постојат модели во кои можат да се пронајдат и на тој начин почнуваат да се сакаат себеси и своето тело.

Да се надеваме дека ваквите позитивни резултати од истражувањата ќе им дадат на брендовите дополнителна причина зошто треба да им праќаат пореалистични пораки на нивните потрошувачи.

Реклама

Погледнете ја и оваа девојка која ги руши стереотипите во модната индустрија со нејзината прекрасна фигура.

Најново

Може ќе ве интересира