rn
7. Плаќаат повеќе за добро пострижување
rnЖените во Франција се сигурни во едно нешто – можете да носите облека и од 500 денари и никој да не забележи дека е евтина. Но доколку дадете малку пари за пострижување, вашиот изглед може целосно да биде уништен. Поради ова, тие одвојуваат повеќе пари за добар стилист за коса и се враќаат кај него многу години. Покрај тоа, добро пострижената коса не бара многу средување и обликување.rn
8. Имаат едноставна рутина за убавина
rnФранцузинките вложуваат во добро средство за чистење лице, заштитна крема од сонце и крема за навлажнување. Често додаваат и разни масла за тело и коса. Во Франција жените живеат според принципот помалку е повеќе, па користат само неколку продукти со подобар квалитет и повисока цена. Не трошат време и пари на разни пилинзи, туку вложуваат во добра маска која може да ја обнови и освежи кожата.rn
9. Веруваат во природните веѓи
rnНикогаш нема да видите Французинка со веѓи исцртани со неприродна боја. Тие се грижат за состојбата на нивните веѓи и ги одржуваат здрави, големи и густи. Може да додадат малку шминка и на веѓите, но најчесто тоа е само гел за обликување.rn
10. Не следат диети
rnНиту една Французинка не сака да држи диети. Тие го знаат краткотрајниот ефект на намалувањето калории и знаат дека може повеќе да им наштети отколку да им помогне. Нивната тајна за совршена линија е јадењето малку храна. Јадат што сакаат, но во мала количина. Кога ќе се почувствуваат сито, престануваат со јадење.
Сепак, Французинките се обидуваат да го избегнат шеќерот бидејќи може да ја оштети кожата. Но, не се плашат од храната со многу масти.rn
11. Веруваат во моќта на студениот туш
rnФранцузинките знаат колку е важно да се истушираат со студена вода после топлата купка. Ова ја стимулира циркулацијата на крвта и ја тонира кожата. Како резултат, тие секогаш изгледаат свежо.rn
12. Се прифаќаат онакви какви што се, со сите нивни недостатоци
rnФранцузинките ретко се обраќаат кај пластичен хирург. Речиси е невозможно да сретнете актерка, модел или блогерка во Париз која има лажен нос, лажни јаболчици или усни со филери. Овие жени се прифаќаат себеси и сите нивни недостатоци, а токму ова ги прави толку поразлични живи. Токму поради ова можат да ги нагласат нивните предности и уникатност.
Погледнете ги и фантастичните трикови за убавина што ги научивме од Инстаграм.

