КАФЕ ПАУЗА

12 трикови со кои луѓето се служат за да ве изманипулираат

12 трикови со кои луѓето се служат за да ве изманипулираат

Written by

in

,

Ако им дадете шанса на луѓето, тие ќе се обидат да ве изманипулираат на еден или на друг начин. Тоа е тажна реалност, но сепак е дел од нашите животи. Бидејќи знаењето е најдобрата одбрана, прочитајте ги овие 12 техники, кои луѓето ќе се обидат да ги употребат на вас, за да го добијат тоа што го сакаат. Ако ги знаете триковите, нивната цел ќе биде безуспешна, а вашите чувства неповредени.rnrn12 трикови со кои луѓето се служат за да ве изманипулираатrn

1. Некој ви наметнува тешка обврска без да забележите

rnНекој намерно ве убедува да се обврзете на нешто во конкретно определено време, кога вие преферирате да кажете „не“. Ова најчесто се случува кога некаде брзате или кога сте многу уморни.rnrnПример: Во 17 часот во петок, додека излегувате од вашата канцеларија тргнати накај дома, ваш колега ве замолува да завршите неколку работни задачи место него, додека е тој на годишен одмор. Вие му одговарате: „ОК, нема проблем, испрати ми имејл со деталите“. Во понеделник наутро, сфаќате дека задачите кои колегата ви ги подметнал, биле всушност многу обилни и ќе ви одземат доста од вашето работно време.rn

2. Погрешно тврдење дека нешто е факт, а всушност е популарно верување

rnСтанува збор за оној тип ситуации кога некој ви тврди за нешто дека е неприкосновен факт, само бидејќи така се зборува низ чаршија.rnrnПример: Не ти го зборам ова само врз основа на мое мислење. Девет од десет доктори велат дека тие таблети за слабеење, не можат никако да му наштетат на здравјето.rn

3. Употреба на сложени зборови, за да се објасни нешто многу просто

rnНекои луѓе честопати користат некои зборови, чие значење ни самите не го знаат или го научиле од Вујаклија за да звучат попаметно. Ваквата манипулација особено се случува во бизнис-светот на високата технологија, преку употреба на некои комплексни жаргони и термини, кои се користат како тактики, со кои ќе ве натераат да се сложите на нешто, кое не го разбирате целосно.rnrnПример: AMD вадат нов Catalyst драјвер секој месец и доколку промовираат нов графички чип, во меѓувреме вадат и додатни бета драјвери кои интензивно ги промовираат преку медиумите. -Молам??rn

4. Злоупотреба од некој кој има авторитет над вас

rnНа некој ќе му биде многу полесно да ве убеди, доколку вам таа личност ви се допаѓа или доколку има авторитетна позиција над вас.rnrnПример: Полицаец ви доаѓа дома на врата и ви вели дека е легално за него, да влезе и да ви го претресе домот. Бидејќи тој е сепак полицаец на службена должност, вие верувате дека ви ја кажува вистината и покрај тоа што тој не ви покажал налог за претрес.rn

5. Кога некој бара од вас нешто неразумно, а потоа глуми разочаран

rnОва се оние ситуации кога некој од вас бара нешто прекумерно, кое вие (а и секој друг) најверојатно би го одбиле. Потоа тој делува разочарано и после 5 секунди повторно ви бара нешто помалку амбициозно, кое е поверојатно дека ќе се сложите да му го дадете.rnrnПример: „Ќе донирате ли 6.000 денари за нашата кауза? -Не можам да си го дозволам тоа. Ох. Во ред. А можете ли да донирате 300 денари, тогаш?“rn

6. Донесување заклучоци базирани на нешто што е сосема неповрзано со темата на разговор

rnОва се оној тип ситуации кога некој се обидува да ве убеди дека тоа што го зборува е вистина, на начин што ви изнесува некаков заклучок, кој никако не е поврзан со информацијата која се обидува да ви ја наметне.rnrnПример. „Оваа бебешка храна е збогатена со витамини и минерали. Екстремно е здрава. Ако и понатаму продолжиш да купуваш бебешка храна од други производители, го занемаруваш здравјето на твоето бебе.“rn

7. Создавање илузија дека некој производ го има во ограничени количини

rnАко некој производ го има во ограничени количини, најчесто има огромен интерес од страна на потрошувачите за негово купување. Тоа е маркетиншки трик, кој производителот ви го прави, бидејќи производите (и воопшто можностите) кои се ограничени, се попримамливи и е поверојатно дека ќе ги купите, па него добро ќе му „тргне“ бизнисот.rnrnПример: „Продажбата на овој производ трае само еден ден. Понудата е ограничена. Купете си го, пред да го распродадеме.“rn

8. Благо искривување на реалноста

rnОва е ситуација кога некој успева да ве натера да се сложите на нешто, кое според вас не е идеално, на начин што ви го претставува малку подобро одошто е.rnrnПример: „Масата ќе биде подготвена за 5 минути.“ 5 минути ќе звучат многу подобро во вашиот мозок, отколку 15, доколку сте многу гладни нели?rn

9. Менување на темата, со цел да ве наговорат на нешто

rnОва се случува кога некој намерно се обидува да го пренасочи вашето внимание од една на друга тотално неповрзана тема, со цел да ве убеди во некој свој став.rnrnПример: „Ти се допаѓа онаа песната од Ејми Вајнхаус „Валери“? Мене многу ми е интересна, а и пејачката убаво пее. -Вајнхаус е тежок алкохоличар. Виде што се случи на нејзиниот концерт во Белград? Толку беше пијана, што не можеше еден стих да отпее. Луѓено за џабе си фрлија толку пари за карта. Сакаш и тебе да ти се случеше тоа, како на кутрата српска публика??“rn

10. Претпоставка за вина

rnОва се ситуации, кога некој без да ве праша, претпоставува дека сте виновни и веднаш почнува да ве напаѓа.rnrnПример: „Ги видов модриците на грбот на твојата девојка. Па ме интересира, кога реши дека тепањето е најдоброто можно решение за надминување на вашите љубовни проблеми??“rn

11. Создавање чувство на страв и нудење решение за него

rnНекој си поигрува со вашите емоции, така што на суптилен начин создава во вас чувство на страв и во моментот кога ќе забележи дека вие се трудите да смислите решение за проблемот, самиот ви го нуди решението.rnrnПример: „Начинот на кој ти ги извршуваш твоите работни обврски, не се покажа како доволно успешен. Директорот ме советуваше, вработените кои не се снаоѓаат добро во оваа фирма, да ги ставам на пробен период. Но, јас сакам да ти дадам уште една шанса, да ми ги покажеш твоите способности. Ќе ти пречи да работиш оваа сабота, така што ќе си помогнеш во градењето добра репутација во оваа компанија?“rn

12. Барање нешто ситно, а потоа добивање нешто поголемо

rnОва се ситуации кога некој бара од вас некоја мала услуга и откако ќе се сложите, бара нешто поголемо, кое е наводно неопходно за остварување на првата услуга.rnrnПример:rnrnСинот: Мамо, може да излезам надвор на еден час, да се видам со другар ми Антонио?rnrnМајката: Може.rnrnСинот: Мамо, штотуку зборев со Антонио на телефон и тој ми рече дека ќе одел во кино. Може да одам и јас со него?rnrnМајката: Оди.rnrnСинот: Имам само 100 денари. Ќе ми дадеш уште 200, за да си платам карта за влез и превоз?rnrnВи се случило ли некогаш некој да ве изманипулира со вакви или слични трикови? Споделете го вашето искуство со нас.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.