11 знаци дека треба подобро да се грижите за вашето здравје

Сподели

Во последно време најчестата причина за смрт е рак или проблеми со срцето, a уште почесто овие заболувања се резултат на лошиот начин на живот. „Слушајќи“ го нашето тело можеме да одредиме дали треба да вложиме дополнителен труд во грижата за нашето здравје. Погледнете некои од знаците дека вашето тело не е во најдобра состојба.

Реклама

rn

1. Вашата физичка форма

rnАко сакате долг живот, важно е сериозно да си ја сфатите физичката состојба. Значи, мора да внимавате на вашата тежина. Дебелината може да му наштети на вашето тело на многу начини. Обидете се да се храните поздраво и да бидете физички активни барем 2 пати неделно.rn

2. Нокти

rnНоктите кажуваат многу за нашето здравје. Ако вашите нокти имаат дамки, чудни испакнатини или пак промена на бојата, нешто му недостасува на вашето тело. Проверете го вашето целокупно здравје и доколку има некаков проблем веднаш ослободете се од него.rn

3. Слабо чувство за мирис

rnКако што старееме, чувството за мирис ослабнува. Познато е дека постарите луѓе имаат проблем со гледање и слушање, а истото се случува и со чувството за мирис. Доколку почувствувате нешто вакво, подобрете го вашиот начин на живот.rn

4. Сила на стисок

rnСилата на стисокот се поврзува со здравјето на срцето. Исто така слабиот стисок може да биде знак за некој скриен проблем. Ако сметате дека сте ја изгубиле силата, консултирајте се со вашиот лекар.rn

5. Лош здив

rnИ постојаниот лош здив е знак дека нешто не е во ред. Можеби е само расипан заб, но може да станува збор и за некоја посериозна инфекција.rn

6. Брзо чукање на срцето

rnДоколку вашето срце чука побрзо од вообичаено, можеби е време да го посетите вашиот лекар.rn

7. Хроничен замор

rnПостојано се чувствувате изморени? Можеби вашиот метаболизам не работи како што треба. Постојат неколку причини за замор, кои понекогаш може да бидат навистина опасни.rn

8. Промена на апетитот

rnДали јадете повеќе или помалку од обично? И овде причината може да е промена на метаболизмот. Исто така разни заболувања влијаат на вашата желба за храна, па ако забележите некоја значителна промена немојте да ја игнорирате.rn

9. Паузи во дишењето

rnАко забележите промена во вашето дишење голема е веројатноста дека има некој проблем. Ова најчесто е симптом кај луѓето кои страдаат од гушење во сонот, нарушување кое може да биде фатално ако не се лекува.rn

10. Кршење коски

rnАко еднаш сте си ја скршиле раката, нема потреба за грижа. Но, ако ова ви се случува многу често, има некој проблем. Можеби е намалено здравјето на вашите коски, кое пак ве прави послаби. Од овде може да произлезат и други проблеми, како артритис и ограничена мобилност.rn

11. Отоци и воспаленија

rnПостојаното отекување на зглобовите е уште еден знак за проблем. Се разбира, на секој му се случува да доживее нешто слично, но ако го забележувате тоа постојано веднаш побарајте професионална нега.

Дали знаевте дека и вашите дланки можат да ви откријат многу за здравјето?

Најново

Може ќе ве интересира