Многу луѓе посакуваат да бидат во љубовна врска бидејќи според филмските сценарија, љубовта во форма на партнер би требало да им даде значење, цел и среќа во животот. Воопшто не е чудно тоа што многумина наивно веруваат дека сите животни проблеми ќе им се решат кога ќе ја пронајдат љубовта. Суровата вистина е дека љубовните врски не се толку супер, а ако не сте подготвени најпрво да се сакате себеси, не можете да очекувате дека вистински ќе сакате некој друг.rnrn
rnrnНајтешкиот момент е кога поминало извесно време откако срцето ви било скршено и се чувствувате осамени, но не знаете дали навистина сте подготвени за нова љубов или сакате врска само за да не морате самите да се соочите со сопствените проблеми. За жал, честопати второто е случајот, а тоа не е добра причина за да се започне нешто со некого. Како последица на тоа, одбирате партнер врз основа на тоа кој од вашите стравови ќе може да го потисне, а не врз основа на тоа каква врска би можеле да развиете.rnrnСо цел да можете полесно да откриете дали навистина сте подготвени за врска, ова се 11-те знаци кои ќе ви помогнат да сфатите дека сакате да започнете врска од сосема погрешни причини…rn
1. Очајно посакувате врска
rnТолку многу посакувате врска што се доведувате до степен да не можете нормално да функционирате поради тагата и копнежот кои ја обземаат секоја ваша мисла. Ако ова е случајот, веројатноста е дека не сакате врска, туку исплашени сте дека ќе останете сами засекогаш.rn
2. Не знаете што би правеле со животот ако останете сингл цела година
rnЛуѓето кои навистина се подготвени за врска, обично знаат како би ја поминале целата година сами, ако навистина дојде до тоа. Со други зборови, тоа е нешто со коешто би можеле да се справат, а не нешто од кое бегаат.rn
3. Подготвени сте на компромис за навистина големи работи
rnНа пример, ако партнерот не сака да започне сериозна врска, но вие продолжувате да се гледате со него затоа што верувате дека постои „поврзаност“, или тој не сака деца во блиска иднина, но вие упорно верувате дека ќе се премисли, тоа е така затоа што важно ви е да најдете каква било љубов, а не вистински партнер за вас. За работите кои навистина ви значат не треба да правите компромис.rn
4. Постојано размислувате за тоа
rnНе можете да правите ништо друго, бидејќи мислите постојано ви се окупирани со вашиот иден партнер, кој сѐ уште не ни постои. Тоа ве уназадува и го спречува вашето нормално функционирање.rnrn
rn
5. Чекате да ви почне животот
rnЈа одложувате вашата среќа за моментот кога ќе ја најдете замислената личност и не преземате ништо за да постигнете каква било исполнетост, затоа што претпоставувате дека некој друг треба да го направи тоа за вас.rn
6. Среќни сте поради тоа како изгледате пред другите луѓе, а не поради тоа како навистина се чувствувате кога сте заедно
rnСо други зборови: Ви се допаѓа идејата дека сте во врска, а не самата врска. Тоа е многу површно и нема да ве направи вистински среќни, туку само ќе ви нанесе уште повеќе болка кога сѐ ќе се распадне.rn
7. Навистина се вознемирувате околу тоа дали ќе успее врската
rnЗлатно правило: Доколку премногу сте загрижени за тоа дали ви е судено или не, веројатноста е дека врската нема да успее. Ако некој сака да биде со вас, така и ќе биде. Сите тие „можеби“, изговори и оправдувања се само позбунувачки начин за да се каже „не“. Уште едно златно правило: Доколку сте свесни дека врската нема да успее, а сепак продолжувате да се нервирате за тоа дали ќе бидете заедно или не, дефинитивно сакате да бидете во врска од погрешни причини.rn
8. Многу сте несреќни од секој можен животен аспект
rnМорате сериозно да поработите на другите сегменти од вашиот живот, но го одложувате тоа со надеж дека ќе се појави некој кој ќе ви ја зголеми количината на хормони за среќа во организмот и сѐ ќе се среди. Верувате во изговорат дека вие сте човек за врска и едноставно не можете да бидете среќни сами. Ова може да е вистина доколку сте личност која постигнува личен развој во љубовните врски, но ако сте дошле до степен да не можете да функционирате без да имате некој покрај вас, тоа е сосема друга приказна.rnrn
rn
9. Чувствувате дека ви отчукува биолошкиот часовник
rnНормално дека треба да го имате предвид фактот дека вашиот репродуктивен систем има свој рок на траење и тоа дека наоѓањето партнер може да биде потешко како што минуваат годините, но ако сте со некого само затоа што „ви е време“ и сите останати веќе се во врска или брак, веројатно нема да ја одберете вистинската личност.rn
10. Не сте ги преболеле вашите поранешни партнери
rnГи проверувате нивните профили на социјалните мрежи премногу често, постојано ги споредувате со новите луѓе што ги запознавате, сте преминале од врска во врска и така натаму. Се обидувате да ја пополните празнината во вашиот живот, за која вие самите сте одговорни.rn
11. Се заморувате со безначајни детали
rnНе ви се допаѓа баш новиот партнер затоа што неговиот физички изглед не е таков каков што сте си го замислиле или не постигнал онолку колку што сте се надевале дека би имал постигнато вашиот идеален партнер… Вие всушност ги саботирате сите шанси за љубов што ви се нудат од многу површни причини. Тоа е така затоа што ви се допаѓа идејата да бидете во врска, а не самата врска.