11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Сподели

Отворете го вашиот фрижидер и погледнете што има во него. Веројатно ќе најдете стари зеленчуци, млеко со сомнителна свежина или речиси празни тегли. Веројатно ќе сакате да ги фрлите, но пред да го направите тоа погледнете што можете да направите со овие остатоци од храна.rn

Реклама

1. Направете тесто за колачиња од овесната каша

rnСварениот овес брзо го губи својот вкус. Ако сте направиле премногу, земете го она што ви останало и измешајте го со млеко, јајце, масло, бобинки, сол и шеќер и ќе имате смеса за колачиња.rn

2. Додајте ги старите печурки и тревки во супата

rnНе заборавајте и на морковите, кромидот, компирите и зачините. Можете да додадете и топено крем-сирење за да ја направите супата погуста.rn

3. Испечете го стариот леб

rnМожете да направите двопек од стариот леб. Исто така можете да го претворите во лебни трошки кои ќе ги користите за супи, тестенини и месо.rn

4. Тврд кашкавал во супи

rnКашкавалот како пармезанот може да биде навистина скап, па сигурно ќе сакате да го искористите максимално. Ако ви останало исушено парче, можете да го додадете во супа.rn

5. Остатоците од Нутела претворете ги во чоколаден пијалак

rnНе мора да ја фрлате теглата со остатоци во неа. Ставете малку топло млеко, промешајте и имате топол чоколаден пијалак.rn

6. Искористете го старото млеко за печење

rnМожете да направите палачинки, торти, како и домашно сирење. Сепак, важно е да користите квалитетно млеко.rn

7. Остатоци од храна за пица

rnМожете да го намачкате тестото со остатоци од кечап и мајонез, потоа да ставите печурки, домати, колбаси, маслинки – сè што ќе најдете во фрижидерот. На крај додадете и кашкавал и ќе имате вкусна вечера.rn

8. Испечете го стариот зеленчук

rnПиперките, доматите, кромидот, тиквичките и целиот стар зеленчук ставете го во тава и испечете го. Можете да додадете и месо или риба.rn

9. Замрзнете ги остатоците од сосовите

rnОва е одличен начин да ги зачувате и остатоците од супа, маслиново масло со зачини, па дури и вино. Ставете ги во калапи за мраз, и потоа одмрзнувајте ги по потреба.rn

10. Сос од домати

rnАко доматите почнале да омекнуваат, немојте да ги фрлате. Излупете ги и варете ги 10-тина минути. Потоа изблендирајте ги и додајте малку лук. Ставете го сосот на шпорет уште 5-7 минути. На крај додајте зачини по ваш вкус.rn

11. Одржете ги колбасите и сланината свежи со замрзнување

rnОва можете да го направите и со другите месни производи. Овој трик е особено добар ако планирате да одите на патување, а немате време да изедете сè.

Погледнете и како да изберете квалитетни производи при купувањето во маркет.

Популарно

Може ќе ве интересира