КАФЕ ПАУЗА

11 нешта што треба да ги знаете доколку сте вљубени во силна жена

11 нешта што треба да ги знаете доколку сте вљубени во силна жена

Не е лесно да се биде во врска со силна жена. Таа е независна, има високи стандарди и знае што сака. Доколку сакате оваа врска да функционира, потребно е да знаете неколку работи за овие неверојатни жени.rnrn11 нешта што треба да ги знаете доколку сте вљубени во силна женаrn

1. Не ѝ е страв да биде сама

rnБидејќи ужива во нејзиното сопствено друштво, таа ќе се чува за вистинската врска. Не ѝ е проблем да биде сингл, а помислата да заглави во погрешна врска е застрашувачка за неа. Јасно ѝ е дека на никој не му прави услуга ако се помири со погрешна личност. Ова значи дека ако направите голема грешка, не треба да очекувате втора шанса.rn

2. Ако ѝ приредувате драми ќе си замине

rnОвде спаѓа гледање со бившите, изневерување, посесивно однесување и нарцизам. Таа се цени премногу себеси за да дозволи да ја третирате лошо и попрво ќе ве „шутне“ отколку што ќе се справува со вас.rn

3. Ќе ви биде лојална сѐ додека сте и вие

rnТаа секогаш си стои на нејзиниот збор. Ако ја третирате добро, не мора никогаш да се грижите дека ќе ве изневери или излаже. Ќе ве сака со целото срце сè додека ѝ враќате во иста мерка.rn

4. Веднаш ќе ги препознае вашите игри

rnТаа се почитува себеси и нема да ве сака ако ја навредувате или се обидувате да ја манипулирате. Оваа жена има свои планови, цели и страсти. Ако ја натерате да моли за вашето внимание, наскоро ќе останете сами.rn

5. Ќе ви каже што мисли

rnТаа е директна, но не злобна. Ќе знаете точно на што сте со неа. Едноставно, таа нема енергија да се лути и не го сака тоа ни од вас.rn

6. Не ѝ е грижа за туѓото одобрување

rnКога станува збор за туѓите мислења, таа знае дека што мислат другите за неа не е нејзина работа. Премногу е зафатена да го направи нејзиниот живот неверојатен за да си дозволи да ја уништат критиките.rn

7. Таа цени цели, страст, мотивација и труд

rnТаа сака да се опкружува со мотивирани луѓе кои имаат сериозни цели и страсти. Никогаш нема да ги жртвува нејзините соништа за вас, но нема ни да ве запостави. Знае да работи напорно, па го разбира процесот и ќе ги цени и вашите страсти.rn

8. Не ѝ е грижа колку заработувате

rnБидејќи е самостојна и независна, не ѝ е многу грижа колку заработувате. Она за коешто се грижи е што правите со она што го имате, вашите идни цели и дали ја третирате добро. Ова кажува многу повеќе за вас од вашите пари во банка.rn

9. Нејзините стандарди се високи и се држи до нив

rnТаа е реткост помеѓу дамите, па ако не ѝ ги покажувате вашите чувства таа ќе најде некој друг.rn

10. Не сака кога глумите беспомошност

rnАко се однесувате како мало момче, така и ќе ве третира. Ова ќе биде непријатно и за двајцата. Нејзе никогаш нема да ја видите како глуми беспомошност, па не очекувајте да ве почитува доколку вие се однесувате така.rn

11. Навистина вреди

rnОваа врска ќе ве растргне, предизвика и ќе ве претвори во подобра личност. Не затоа што таа ќе го бара ова од вас, туку затоа што ќе ве инспирира.rnrnПогледнете и кои се клучните нешта што ѝ се потребни на секоја силна жена во врската.