Светот во којшто живееме понекогаш може да биде збунувачки, а кога сме збунети, не сме продуктивни. Недостатокот на продуктивностa веројатно ќе ве води кон недостаток на среќа. Колку пати до сега сте се чувствувале лошо поради тоа што не сте можеле да ги завршите планираните работи? Речиси секоја ноќ кога легнувате, размислувате за нив и си велите: „Утре е нов ден, ќе станам порано и навремено ќе ги завршам сите мои должности.“ Но, кога доаѓа новиот ден, всушност ништо не се менува. Зошто? Затоа што сигурно и вие, како и многумина, си велите: „Зошто сега, кога можам да го направам тоа подоцна?“ Кога мислите со кои проблеми се соочувате, често пати може да се чувствувате лошо поради ситуацијата во којашто се наоѓате. Како некој може да биде и среќен и продуктивен во исто време? После неколку истражувања, дојдено е до неколку начини коишто истовремено ќе ве направат и продуктивни и среќни.rnrn
rnrn
1. Бидете благодарни
rnВеќе знаете дека животот е краток, па зошто да живеете со лошо расположение и да се полните со негативна енергија? Без разлика каде сте и што правите, обидете се да бидете среќни во овој момент. Не е тешко да се биде среќен, а со самото тоа што сте благодарни, вие можете да станете посреќна личност. Секој човек на оваа планета има барем едно нешто за коешто може да биде благодарен. Пронајдете го тоа!rnrn
rn
2. Комплетирајте го денот пред да започне
rnСигурно помислувате како е тоа возможно? Размислете за денот којшто доаѓа и плановите запишете ги на лист хартија. Поставете ги вашите дневни цели и употребете алатка за планирање (на пример, вашиот лаптоп или пак, обична хартија) за да ги запишете вашите задачи. Откако ќе ги запишете една по една, подоцна кога ќе ги завршувате по ред ќе се чувствувате многу подобро. Правилното планиње е тајната за достигнување на врвот на продуктивноста! rnrn
rn
3. Радувајте се на малите успеси
rnТреба да бидете среќни за секоја работа којашто ќе успеете да ја завршите навреме, без разлика дали тоа е само фрлање на ѓубрето или пак, шетање на кучето. Направете си листа со работи коишто треба да ги извршите во текот на денот, а секогаш кога ќе ја завршите следната задача ќе се чувствувате многу подобро, додека истовремено ќе имате и прегледност уште кои задачи ви останале недовршени. Со секоја успешно завршена задача вие повеќе ќе се мотивирате да одите напред.rnrn
rn
4. Почнете со извршување на работите сега
rnСигурно постои нешто во вашиот живот за што сте сонувале или сте посакале да го направите, но можеби се срамите да го започнете. Ако е така, еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека не постои повеќе време за да ги направите тие работи. Не чекајте работите да се случуваат, почнете уште денес!rnrn
rn
5. Наполнете си ги батериите
rnАко спиете многу сигурно ќе се соочите со главоболка и ќе имате помалку време да ги завршите своите должности. Исто така, ако спиете малку, ќе се намали вашата концентрација и нема да бидете способни да ги исполните вашите должности. Откријте колку часови за спиење ви се потребни и потрудете се тоа да си го обезбедите. Исто така одвојте време за прошетка за да се ослободите од стресот. Ќе ви биде пријатно да го направите ова, ќе се чувствувате подобро и ќе се ослободите од немирот!rnrn
rn
6. Бидете ранобудни
rnЕден од најдобрите начини да бидете продуктивни е да станувате рано. Започнете го вашиот ден во раните утрински часови и ќе забележите како нивото на вашата продуктивност ќе се покачи. На овој начин никој не може да ве спречи да го направите она што го сакате, а ова време можете да го искористите и за медитација, вежба којашто ќе ви помогне да останете смирени и позитивни во текот на целиот ден.rnrn
rn
7. Започнете со работа којашто ја обожавате
rnТреба да ги поставите вашите цели на линијата помеѓу забавното и работата, така што ќе изберете да правите повеќе работи коишто ги обожавате. Оваа цел ќе резултира со среќа внатре и надвор од вашето работно место, па ќе ве направи попродуктивни.rnrn
rn
8. Почнете да го ограничувате вашето време
rnОграничувањето на времето е одличен начин да го организирате својот ден. Во минатото, сигурно сте потрошиле премногу време на социјалните мрежи, а притоа сте се соочиле со недостаток на време за да ги завршите вашите обврски. Можете да симнете и апликација којашто ќе ве известува за вашите должности, при што навремено ќе завршите со обврските и ќе имате повеќе време за себе.rnrn
rn
9. Избегнете прекинувања
rnБез сомнение, прекинувањата се едни од најголемите бариери за среќата и продуктивноста. Секогаш кога ќе бидете прекинати во некоја задача, вашето ниво на продуктивност ќе опадне. На пример, кога вие сте целосно фокусирани на важен проект и одеднаш некој влегува на вашето работно место па почнува да ви зборува за нешто што нема врска со вас и вашата работа. Откако потоа ќе се навратите на проектот, вам ќе ви биде потребно повеќе време да продолжите од онаму каде што сте застанале.rnrn
rn
10. Оддалечете се од она што ве прекинува
rnТелефони, социјални мрежи, мејлови и други нешта коишто се појавуваат на вашиот екран додека работите можат лесно да ви го одвлечат вниманието. Всушност, ако ви се појави одредено известување, како што е на пример покана за онлајн игра, сигурно ќе ве примами да направите кратка пауза. Доколку сакате да бидете продуктивни, не дозволувајте да ви се случи ова и исклучете ги сите оние работи коишто може да ви го привлечат вниманието. Откако ќе завршите со извршувањето на вашите обврски, можете да се наградите себеси со играње на тие игри, а тогаш со сигурност и ќе уживате повеќе!rnrn
rn
11. Измерете го вашиот прогрес
rnМерењето на вашите резултати одвреме-навреме е добро затоа што на овој начин ќе согледате како се одвиваат работите. Каков е вашиот прогрес? Дали одите во правилната насока? Дали работите се подобруваат или пак се влошуваат? Нема да зажалите ако редовно ги следите своите резултати.rnrn