rn
6. Направете вечера на скара
rnСвежината на скарата никогаш не разочарува. Пилешкото, зеленчуците, плескавиците… сите тие имаат подобар вкус на скара. Па, искористете го топлото пролетно време и запалете ја скарата надвор.rn
7. Посетете некоја градина
rnЗастанете и помирисајте ги цвеќињата. Пролетта е најдоброто време за набљудување на новите цветови кои се со секакви бои. Па однесете го вашиот партнер во некоја градина на обоена и романтична прошетка.rn
8. Планинарете
rnБидејќи пролетта не е пеколно жешка како летото, ова е совршеното време да одите на планинарење. Најдете патека која не е многу тешка, но сепак ќе ве предизвика и уживајте во пејзажите додека вежбате.rn
9. Летајте змеј
rnУпатете се кон најблиската полјана и научете како да контролирате змеј.rn
10. Направете заедничка градина
rnСекако е време да ги изнесете вашите градинарски алатки, па зошто да не го направите тоа заедно? Засадете зеленчук, овошје, цветови… Ќе имате свежо овошје и зеленчук за целата сезона кои со нетрпение ќе ги очекувате.rn
11. Игри на трева
rnКрикет, фудбал, велосипедизам… пролетта е совршена за некој спортски натпревар на отворено. Не го заборавајте пивото!
Прочитајте ги и овие романтични идеи за уникатен состанок.

