11 идеи за совршен пролетен состанок

Сподели

Пролетта е тука, сè почнува да цвета и има шаренило насекаде. Таа е една од најдобрите сезони за романса, но како да ја искористите? После долгата зимска хибернација, сè што сакате да направите е да излезете надвор и да уживате во свежиот воздух. Погледнете некои од идеите за совршениот пролетен состанок.rn

1. Вечера на отворено

rnБез разлика дали ќе одите во ресторан или ќе готвите дома, вечерата на отворено е многу позабавна доколку ја преместите надвор. Понесете си и некое палто во случај да се појави пролетното ветре.rn

Реклама

2. Одете на патување

rnПролетта е одлично време за нови авантури, па зошто да не одите на заедничко патување? Може да биде кратко – во соседниот град, или можете да одите дури и во соседната држава.rn

3. Направете оган на отворено

rnПравење закуски на отворен оган е секогаш забавно. Направете си безбеден камперски оган и кажувајте си страшни приказни, а кога ќе почне да се стемнува, гушкајте се.rn

Реклама

4. Направете попладневен пикник

rnПосле сезонската хибернација, попладневниот пикник е одлична идеја која е истовремено забавна и лесна. Спакувајте свежо овошје, соблечете ги чевлите и уживајте надвор.rn

5. Гледајте ги ѕвездите

rnЈасното пролетно небо ви овозможува прекрасен поглед кон ѕвездите. Земете ќебе и некое палто и легнете на автомобилот и обидете се да ги пронајдете Орион и Големата Мечка.

Продолжува на следната страница…rn

Најново

Може ќе ве интересира