КАФЕ ПАУЗА

11 брутални вистини за врските што повеќето мажи не можат да ги прифатат

11 брутални вистини за врските што повеќето мажи не можат да ги прифатат

Љубовните врски не се воопшто лесни. Тие се комплицирани, збунувачки и деликатни. Мора обајцата партнери да бидат подеднакво посветени за да успее врската, а тоа е навистина тежок предизвик. За жал, современото општество уште повеќе ги отежнува работите. Сите се обидуваме да си го сочуваме егото на социјалните мрежи и комплетно губиме контакт со нештата за коишто вреди да се бориме. Иако и мажите и жените се виновни за распадот на врските, редно време е момците да се соочат со реалноста и да ги прифатат следниве 11 брутални вистини за љубовта…rnrn11 брутални вистини за врските што повеќето мажи не можат да ги прифататrn

1. Не може цело време да биде совршено

rnВрските никогаш нема да бидат совршени. Розите нема да ви цутат постојано и ќе дојде времето кога ќе треба да ги извадите розовите очила да се соочите со реалноста. Секоја врска минува низ одредени проблеми и доколку не можете да го прифатите тоа, тогаш никогаш нема да имате успешен љубовен живот.rn

2. Мора постојано да се трудите

rnВо денешно време, мажите веднаш се откажуваат од врските ако забележат дека работите не одат онака како што очекувале. Мора да сфатите дека врските никогаш не ни одат во прилог, туку сѐ се врти околу правењето компромис. Ако не сте подготвени да ги истраете тешките периоди, никогаш нема да уживате во убавите моменти од врската.rn

3. Вашата девојка не е ваша сопственост

rnМажите знаат да бидат многу посесивни за некои работи одвреме-навреме и тоа е сосема природно. Но, тоа не значи дека не треба да се борите против овој порив. Вашата девојка не е ваша сопственост и немате право да донесувате одлуки во нејзино име. Престанете да се однесувате со неа како да ја поседувате и третирајте ја како рамноправно човечко суштество, а не како слугинка.rn

4. Намалете ги вашите очекувања

rnСите луѓе ги почнуваат врските со големи очекувања кои не можат да бидат исполнети. Но, врските не се вртат околу нештата што сметате дека треба да ги добиете. Врската ви овозможува да имате човек покрај вас кој ќе ви помага и ќе ве сака. Не очекувајте од партнерките да ве третираат како нивни господари. Ценете ги и почитувајте ги без разлика дали ги исполниле вашите нереални очекувања.rn

5. Ќе добиете онолку колку што ќе дадете

rnМажите денес очекуваат многу од нивните партнерки, а даваат малку. Но, работите не одат баш така. Треба да давате онолку колку што добивате. Не очекувајте од партнерката да ги разбира вашите проблеми, ако вие постојано ги игнорирате нејзините.rnrn11 брутални вистини за врските што повеќето мажи не можат да ги прифататrn

6. Нема да испадне онака како што сте планирале

rnНишто не можете да планирате во животот. Животот е комплициран и променлив. Немаме контрола врз работите што ни се случуваат, а истото важи и за врските. Никогаш ништо нема да испадне онака како што сте си го замислиле во главата.rn

7. Кажувајте го она што го мислите

rnАко чувствувате нешто, кажете им го тоа на вашите партнерки. Нема да можете да ги решите проблемите, ако не им дадете до знаење дека постојат. Мора да го кажувате она што го мислите, во спротивно вие ќе бидете виновни поради тоа што не сте ги изразиле вашите грижи тогаш кога требало.rn

8. Не кажувајте работи што не ги мислите

rnБез разлика колку сте лути и колку ве повредила саканата, постои тенка граница помеѓу работите што ги кажувате во лутина и работите што навистина ги мислите. Мажите многу често кажуваат навредливи зборови кога се лути и потоа бараат прошка. Но, работите не одат баш така. Нареден пат кога ќе се скарате со партнерката и ќе сакате да ја повредите со зборови, размислете што ве довело до таа ситуација. Тоа е најважно.rn

9. Мора да заборавите на гордоста

rnГордоста само може да ги уништи врските. Гордоста е лажно чувство и мора да научите кога треба да си го погазите егото. Најважно е да бидете тука за личноста која ја сакате.rn

10. Мора прво да се сакате себеси за да можете да сакате некој друг

rnПред да се вљубите во некого, мора прво да научите да се сакате себеси. Мора да знаете како да се грижите за себе и да се цените пред да почнете да се грижите за вашата сакана. Таа ве сака такви какви што сте, а и вие треба да го правите истото за да успее врската.rn

11. Не е добро да имате многу партнерки

rnМажите денес ја градат својата самопочит со помош на бројот на сексуални партнерки. Момците кои сакаат прво да остварат емоционална поврзаност пред да започнат со физички односи се сметаат за слабаци. Но, со текот на времето ќе сфатите дека колку повеќе партнерки имате толку полошо.rnrnДоколку сакате да го подобрите односот со партнерите, прочитајте ја и следнава едноставна љубовна вистина.